Горлебен () — општина во округот Лихов-Даненберг, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Горлебен е познат како место на контроверзниот објект за одлагање на радиоактивен отпад, моментално користен како привремен објект, но се планира да стане од траен карактер со изградба на длабоко складиште. Поради тоа привлекува чести протести од заштитниците за животната средина од 1970-тите години.

Потекло на името

Името Горлебен има словенско потекло и веројатно потекнува од Гор (Goor), што означува планина, и Лебен (leben), што означува наследство.

Географија

Малото место се наоѓа непосредно на левиот брег на реката Елба. Местото е обиколено од биосферниот резерват Долносаксонски Елбталауе од исток, север и северозапад, додека на југ се наоѓа шумската област Гартовер Танен. Оваа шумска област е најголемата непрекината шума во Германија, поседувана од грофот Бернсторф од Гартов.

Општински единици

Општината Горлебен се состои од следниве места:

Горлебен Мечов

Историја

Горлебен бил првпат споменат од владетелите на Грофовијата Даненберг во 1360 година, кога постоела тврдина.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Лихов-Даненберг