Споменик на Чехов — споменик сместен на плоштадот Чехов, во Таганрог. Откриен е на 29 јануари 1960 година, на стогодишнината од раѓањето на Антон Павлович Чехов. Tchehov monument

Историја на споменикот

Идејата да се постави споменик на Чехов за првпат се појавила 1910 година. Во 1944 година, Советот на народни комесари донела одлука да биде подигнат споменик на Чехов за да се одбележи 40-годишнината од смртта на писателот.

До октомври 1954 година, биле доставени 18 проекти за споменик, и сите биле изложени пред јавноста во Локалениот музеј на Таганрог. Три години подоцна, Вториот национален натпревар се одржал во Москва, каде биле доставени 30 проекти за споменик. После втората етапа од конкурсот, најдобрите дела биле испратени во Таганрог, каде статуата на Јулијан Рукависников била избрана за поставување, како најдобар.

Споменикот има постамент од гранит а самиот бил излиен во бронза. Споменикот го прикажува Чехов беспрекорно облечен, седнат на камен, загледан во далечината и држи книга во десната рака. Висината на споменикот е 3м -вкупно (9.84 м.).

„Споменикот на Чехов“ е подигнат во знак на почит од народот на Таганрог, во спомен на нивниот најпознат сограѓанин.

На 29 јануари 2010 година рускиот претседател Дмитри Медведев положил цвеќе на споменикот во рамките на комеморативните настани од 150-годишнината од раѓањето на Антон Чехов во ТаганрогChekhov Monument in Taganrog, Russia.

Фотографии

Наводи

Категорија:Таганрог Категорија:Антон Чехов