Нокаут — музичка група од Скопје, Македонија, основана во 1997 година, а преоснована во 2006 година. Основач на групата е Никола Перевски – Пере, кој со поддршка на Дарко Димитров и покана на Кирил Колемишевски (втор вокал) и Ацо Богдановски (перкусии) и Владимир Крстевски-Франц го создале првиот состав на „Нокаут“. По неколку години пауза (2003-2006) Нокаут повторно се активирале во проширен и изменет состав. Покрај Франц и Пере влегуваат и членовите Благоја Антовски (тапани), Горјан Петровски (гитара), Бојан Перевски (перкусии), Борче Кузмановски (клавијатура), Виктор Николовски (бас гитара) и Луај Реџепов (гитара). мини|Никола Перевски Пере - Нокаут (10.11.2017)
Фестивали и награди
Добитници се на наградите „Тинејџерска атракција“ во 1998, кога се и прогласени за „Група на годината“ две години по ред (1998, 1999). Во 2001 ја добиваат Златната Бубамара за албум и престижната награда како композитор и текстописец „Grand Prix“ на официјалниот избор за Евровизија на Скопскиот фестивал во 2002 година со песната „Од нас зависи“ во изведба на Каролина Гочева. Учествувале во повеќе турнеи, издвојувајќи ги “Сакам Скопско“, “Македонски Телекомуникации“, “Мис на Македонија“, "B.U.perfume" итн... Добитници на „Златната бубамара на популарноста“ 2011/2012 година за концерт на годината.
Во 2020, Нокаут победи на Макфест со песната "Сакам да живеам".
Концерти На 17 декември 2014 година, „Нокаут“ одржале концерт во Универзалната сала во Скопје. Концертот започнал со песната „Фатална опсесија“, еден од првите хитови на групата, изведен на фестивалот „Макфест“ во 1997 година, а следувала песната „Танго“ со која се претставиле на истиот фестивал во 2014 година. Премиерно, била изведена песната „Понекогаш“, а концертот завршил со песните „Илјада причини за крај“ и „Ти си проблем“, која оригинално ја исполнувала групата „Студени нозе“. Инаку, на концертот гостувале и раперот Тони Зен, Владимир Поп-Христов од групата Д.Н.О., и Игор Џамбазов.Ѓорге Стојанов, „Треба да ни дадат оскар за недобивање награди“, Дневник, година XVIII, број 5646, петок, 19 декември 2014, стр. 25. мини|Никола Перевски Пере - Нокаут (10.11.2017)
Соработки
Соработувале со голем број познати јавни лица и музичари од нашата естрада како Дарко Димитров, Тоше Проески, Д.Н.О, Ареа, Принц, Каролина Гочева, Дарко Митревски, Бане Поповиќ, Дарко Гелев – Брејк, Игор Џамбазов, Ристо Вртев, Мартин Трпчевски, Зорица Црношија, Тони Михајловски, Авалон продукција и други.
Спонзори
Пере и Франц се заштитни лица на Шкода Roomstеr.
Дискографија
Албуми „Нокаут“ (1997) „До последен здив“ (2001) „Три“ (2014)
Синглови „ABC“ „Фатална опсесија“ „Временска машина“ „Би се викал те сакам“ „Телефонскиот број не постои“ „Илјада причини за крај“ „Мене ми припаѓаш“ „Позитивно“ „Радувај се со мене“ „Трип“ „Ноември“
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место Нокаут на YouTube Дискографија на Нокаут евидентирана од ВБУ Музички Регистар
Категорија:Македонски поп-групи Категорија:Македонски рок-групи Категорија:Појавено во 1997 година во Македонија