Во филмот и телевизијата, подмладувањето е техника на визуелни ефекти што се користи за да се направи глумецот да изгледа помлад, особено за сцените кои се ретроспективни. Ова често се постигнува преку дигитално уредување на сликата или користење на компјутерско-генерирани сликовни (CGI) преклопувања или допири. Некои филмови ќе создадат дури и дигитални подмладени глумци без вистинската личност или со мешавина на заменици-глумци и компјутерски слики.
Список на филмови Следното е список на филмови, по хронолошки редослед на објавување, кои користат техники на подмладување: ГодинаФилмОпис2006Луѓето-Икс: Последното упориштеГлумците Патрик Стјуарт и Ијан Мекелен, кои ги играат мутантите Професор Икс и Магнето редоследно, се подмладени во назадно-помислена сцена во која двајцата работат да врбуваат девојка мутант која е студент.2008Необичниот случај на Бенџамин БатонЗасновано на раскаж во кој главниот лик старее наназад, глумецот Бред Пит, кој го игра Бенџамин Батон, првично е покажан како старец и е постепено подмладен за да личи се помлад во текот на повеќето децении на животот на ликот.2009Потеклата на Луѓето-Икс: ВрколакВо овој суперхеројски филм, Патрик Стјуарт, кој го глуми мутантот Професор Икс, е подмладен за едно кратко појавување, како што филмот дејстува во време кое претходи на временската рамка на претходните филмови од серијалот во кои Стјуарт учествувал.2010Престол: НаследствоПродолжени на филмот од 1982 година, со дејствие 27 години подоцна, глумецот Џеф Бриџис, кој го играл главниот лик Кевин Флин во првичниот филм, е подмладен за да личи како злонамерната програма Клу, копија на самиот Флин, но децении помлад. Брус Бокслајтнер, кој го глуми ликот на Престол, исто така е подмладен во назадна сцена; неговиот вистински лик на Алан Бредли, сепак, е покажан во вистинската старост на глумецот.2013Негодувачка пресметкаФилм за Роберт Де Ниро (Били "Д Кид" Мекдонен) и Силвестер Сталоне (Хенри "Рејзор" Шарп) како боксерски противници. Во почетокот на филмот, двајцата глумци се подмладени за да бидат покажани како меѓусебно се борат во нивната младост/најдобра форма. Остатокот на филмот е поставен неколку децении подоцна.2013Хобитот: Пустошот на СмогОвој филм дејствува децении пред Господарот на прстените (филмски серијал); глумецот Орландо Блум повторно глуми како ликот вилењак Леголас и е подмладен во неговите сцени за да се одрази на фактот дека Вилењаците во филмот не стареат.2015Човек-мравкаМајкл Даглас и Мартин Донован, кои ги глумат Хенк Пим и Мичел Карсон, двајцата се подмладени во назадна сцена која е околу 25 години порано.2016Големиот празник на Пи-уиВо овој комедиски филм, глумецот Пол Рубенс повторно го глуми ликот Пи-уи Херман 28 години после претходни Пи-уи филм. Подмладувањето било нанесено да го направи Рубенс во истата возраст како што бил во последното појавување. За време на снимањето, Рубенс носел прав и леплива лента на неговото лице.2016ОбожавателВо овој индиски филм, Шах Рук Кан е главен глумец во двојната улога како филмската ѕвезда Аријан Кана и опседнатиот обожавател Гаурав Чандна, кој личи на Аријан но околу дваесет години помлад. Кан бил подмладен за делот на Гаурав со комбинација на визуелни ефекти и простетики.2016Капетан Америка: Граѓанска војнаРобер Дауни Џр., кој го глуми Тони Старк, е подмладен во дигиталната назадна сцена на важен момент од животот на ликот.2017Чуварите на Галаксијата Том 2Курт Расел, кој го глуи Его, е подмладен во назадна сцена со дејствие на Земјата во 1980-тите.2017Пирати на Карибите: Мртвите не раскажуваатЏони Деп, кој го глуми главниот лик Џек Спароу, е подмладен заради назадна сцена.2017Кралски човек: Златниот кругКолин Фирт бил подмладен заради назадна сцена, години пред настаните на првиот филм.2018Човек-мравка и ОсатаМајкл Даглас, Мишел Фајфер, и Лоренс Фишберн кои ги глумат Хенк Пим, Џенет ван Даун, и Бил Фостер, редоследно, се подмладени во неколку назадни сцени.2018АкваменТемјура Морисон и Никол Кидман се подмладени ликови со користење на сметачко создадени слики за да го прикажат родителите на Аквамен, Томас Кари и Атлана, во воведните сцени за време на детството на Аквамен. Како дополнување, "CGI" бил користен за да го помлади Вилем Дефо за сцената каде Нуидис Вулко го обучува младиот Артур Кари.}}2019Капетан МарвелСемјуел Л. Џексон и Кларк Грег, кои ги прикажуваат Ник Фјури и Фил Кулсон, се подмладени 25 години за целиот филм кој дејствува во 1995 година, додека претходните филмови во кои тие се појавуваат во овие улоги дејствуваат во своето сегашно време.2019Одмаздници: Крај на игритеПовеќемина глумци биле дигитално подмладени за различни делови на сцени. Роберт Дауни Јуниор, Крис Еванс, Крис Хемсворт, Скарлет Јохансон, and Џереми Ренер биле дигитално подмладени за нивните појавувања во 2012 година кои повторно ја снимаат сцената од Одмаздници (2012) во кој тие редоследно го прикажуваат Тони Старк, Стив Роџерс, Тор, Наташа Романоф и Клинт Бартон. Мајкл Даглас, Џон Слатери, и Стен Ли исто така биле дигитално подмладени за нивните појавувања во 1970-тите, во кои тие редоследно ги прикажуваат Хен Пим, Хауард Старк, и такси возач. Крајниот исечок на филмот покажува 200 подмладени и остарени снимки.2019Тоа второ поглавјеХорор продолжението во кое Џеден Мартел, Џереми Реј Тејлор, Фин Вулфхард, Чоусен Џејкобс, Џен Дилан Грејзер, Софија Лилис, Вајат Олеф, и Џексон Роберт Скот биле дигитално подмладени повторно да ги одглумат нивните улоги од Тоа (2017) во назадна сцена.2019Близнак човекВо овој научнофанатастичен филм, глумецот Вил Смит бил подмладен за да го прикаже помладиот клон на неговиот лик.2019ИрецотВо овој епски криминален филм, глумците Роберт Де Ниро, Ал Пачино, и Џо Пеши биле дигитално подмладени за да ги прикажат помладите верзии на Френк Ширан, Џими Хофа, и Расел Бафалино редоследно.2019Војна на ѕвездите: Подемот на СкајвокерМарк Хамил кој го прикажува Лук Скајвокер бил дигитално подмладен поради назадна сцена како што тој се појавил во филмот Враќање на џедајот од 1983 година.
Виртуелни глумци Во некои случаи, млада верзија на еден лик не е одглумена од првичниот глумец туку од виртуелен глумец, иако глумецот кој е претставен обично е жив. Ова вообичаено е постигнато со делумна комбинација на „CGI“, телесен двојник, и гласовен двојник или архивски звучни записи. Примери од глумци кои биле заменети од виртуелни глумци за да ги прикажат нивните помлади личности се:
Арнолд Шварценегер како T-800 во Терминатор спасение (2009); Роланд Кикингер служел како телесен двојник Арнолд Шварценегер како T-800 in Терминатор генисис (2015); Брет Азар служел како телесен двојник Питер Кашинг како Гранд Моф Таркин во Одметник: Приказна за војна на ѕвездите (2016); Гај Хенри служел како телесен двојник Кери Фишер како Принцеза Леја во Одметник: Приказна за војна на ѕвездите (2016); Ингвилд Деила служела како телесен двојник Арнолд Шварценегер, Линда Хамилтон, и Едвард Фурлонг во Терминатор: Црна судбина (2019) - иако сите три се појавиле во нивниот филм со нивните актуелни години, виртуелните глумци биле користени за нивните ликови во назадните сцени. Брет Азар, Меди Карли и Џуд Коли служеле како двојници на трите ликови, редоследно. Кери Фишер како Принцеза Леја во Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер (2019); фишеровата ќерка, Били Лурд служела како телесен двојник
Наводи
Категорија:Специјални ефекти Категорија:Филм