Забавни игри — австриски филм од 1997 година, во режија на Михаел Ханеке, кој е и автор на сценариото. Главните улоги ги играат: Сузане Лотар (Susanne Lothar), Улрих Михе (Ulrich Mühe), Арно Фриш (Arno Frisch), Франк Гиринг (Frank Giering) и Стефан Клапчински (Stefan Clapczynski). Во 2007 година се појавила преработката на овој филм, повторно во режија на Ханеке, но со други глумци, во кој дејствието се одвива во САД.HRT, Funny Games, austrijsko-njemački film (18) - Treća strave (пристапено на 28.10.2021)
Синопсис Брачниот пар Ана (ја игра Лотар) и Георг (го игра Михе), заедно со нивниот син Џорџи (го игра Клапчински) пристигаат во својата викендичка крај едно езеро. Тогаш, кај нив доаѓаат две момчиња, Паул (го игра Фриш) и Петер (го игра Гиринг), претставувајќи се како гости на нивниет соседи. Ненадејно, без никаква причина, момчињата го повредуваат Георг, го убиваат нивното куче и потоа садистички го измачуваат семејството. Џорџи успева да побегне, но Петер го пронаоѓа и го враќа во викендичката. Бидејќи Џорџи се спротивставува, Паул безмилосно го убива пред очите на родителите. Потоа, момчињата си заминуваат, а Ана оди да побара помош. Меѓутоа, тие повторно ја заробуваат и ја враќаат во куќата, каде го убиваат Георг. Изутрината, Паул и Петер се качуваат на едрилица, а Ана ја фрлаат во езерето. Потоа, тие одат во викендичката на друго семејство.IMDb, Funny Games (1997) (пристапено на 19.3.2020)
Наводи
Категорија:Филмови со Сузане Лотар Категорија:Филмови со Улрих Михе Категорија:Филмови со Арно Фриш Категорија:Филмови со Франк Гиринг Категорија:Филмови со Стефан Клапчински Категорија:Филмови на Михаел Ханеке Категорија:Филмови на германски јазик Категорија:Филмови од 1997 година Категорија:Австриски филмови Категорија:Психолошки трилери Категорија:Филмови на француски јазик