Пандемијата на КОВИД-19 во Италија — вирусна пандемија, која била прогласена на 30 јануари 2020, кога двајца кинески туристи во Рим биле позитивно тестирани на вирусот SARS-CoV-2. Појавувањето на инфекцијата COVID-19 последователно била откриена кај 16 потврдени случаи во Ломбардија на 21 февруари, за веќе следниот ден да се зголеми на 60 со појава на првите смртни случаи во текот на истите денови.
До 17 март 2020 година, потврдени биле 31 506 позитивни случаи на коронавирус, вклучувајќи 2 941 излекувани лица и 2 503 починати лица, а вкупно биле извршени 148 657 тестирања за присуство на вирусот. Со тоа Италија станала втора земја по број на заразени во светот по Кина, и прва по бројот на смртни случаи.
На крајот на февруари, откриено е дека Италија е потешко погодена од која било друга земја во Европа од пандемија на COVID-19. Италија исто така била прва од само две држави во Европа што ги прекинала сите директни летови кон и од Кина, третирајќи ја пандемијата со една од најдрастичните мерки во ЕУ.
Меѓу првите мерки за третирање на инфекцијата било воведувањето на карантин во 11 општини во Северна Италија (во Ломбардија и Венето). Советот на министри со декрет од 23 февруари 2020 година вовел забрана за пристап и вонредна состојба во општините каде имало појава на пандемија и суспендирање на демонстрации и настани; последователно донесени се четири извршни акти: од 25 февруари 2020 година, од 1 март 2020 година, од 4 март 2020 година и од 8 март 2020 година.
Дневен извештај на заразени од COVID-19 во Италија
Ширење на пандемијата во Италија Првите потврдени случаи Кон крајот на јануари 2020 година, по настаните со пандемијата во Кина, во Италија биле воведени напредни скрининг мерки на аеродромите Леонардо да Винчи-Фјумичино и Милано Малпенза, вклучувајќи топлински мерења и активно присуство на медицински персонал. На 31 јануари, првите два случаи биле потврдени во Рим, двајца кинески туристи на возраст од 66 и 67 години кои слетале во Италија на 23 јануари на Аеродромот Милано Малпенза, а главниот град го посетиле со туристички автобус. Туристите позитивно биле тестирани на вирусот SARS-CoV-2 и биле хоспитализирани на Националниот институт за заразни болести Лаѕаро Спаланцани. Италијанската влада веднаш ги прекинала сите летови до и од Кина и прогласила вонредна состојба. Премиерот Џузепе Конте рекол дека Италија е првата земја на ЕУ што ја преземала оваа мерка на претпазливост.
На 2 февруари, нешто помалку од 48 часа по хоспитализацијата на двајцата кинески туристи во Институтот Лаѕаро Спаланцани во Рим, вирусолозите успеале да ја изолираат геномската секвенца на вирусот.
На 3 февруари, 56 италијански државјани кои престојувале во Вухан биле вратени од Кина со специјалниот лет на италијанските воздухопловни сили, а потоа се преселиле во карантин во воениот град Чекињола. На 6 февруари, еден од вратените италијанци бил потврден како заразен, и прогласен за излечен на 22 февруари.
Појава и ширење во Ломбардија На 21 февруари биле потврдени шеснаесет други случаи (четиринаесет во Ломбардија, два во Венето). На еден 38-годишен Италијанец од Кодоњо, во провинцијата Лоди, во Ломбардија, му биле откриени проблеми со дишењето. Пациентот, неговата бремена сопруга и еден пријател биле позитивни на тестирањето. Уште три случаи биле потврдени истиот ден откако пациентите пријавиле симптоми на пневмонија. По овие случаи, извршени биле обемни проверки и контроли врз сите луѓе кои веројатно биле во контакт со или во близина на заразените субјекти.
На 22 февруари, во Ломбардија починал втор пациент заразен со коронавирус. Вклучувајќи ги двете жртви, бројот на случаи во Италија се искачил на 79. Од 76-те неодамна откриени случаи, 54 биле пронајдени во Ломбардија, вклучувајќи и еден пациент од болницата Сан Рафаеле во Милано, 8 пациенти во Поликлиниката Сан Матео во Павија, 17 во Венето, 2 во Емилија-Ромања, 2 во Лацио и 1 во Пиемонт.
На 23 февруари, една 68-годишна жена која боледувала од карцином починала во Крема, станувајќи третата италијанска жртва на вирусот. Бројот на случаи во Италија се искачил на 152, вклучително и четиринаесет пациенти кои биле лекувани во Поликлиниката Сан Матео во Павија.
На 24 февруари починал еден 84-годишен маж од Бергамо, 88-годишен маж од Казеле Ланди и двајца мажи од Кастиљионе д’Ада - соодветно на возраст од 80 и 62 години; сите имале и други болести од минатото.
На 25 февруари, бројот на случаи во Емилија-Ромања се искачил на 23, распространети меѓу градовите Пјаченца, Парма и Модена, како резултат на луѓе вратени од епидемијата во Ломбардија.
Нова појава поврзана со Ломбардија била регистрирана во Јужна Италија, во Палермо, каде бил хоспитализиран 60-годишен турист од Бергамо, кој бил позитивно тестиран и примен во болницата Червело. Еден 49-годишен маж, кој претходно бил во посета на Кодоњо, бил тестиран позитивно во Пеша, Тоскана.
Последователно, Лигурија потврдила дека 72-годишна туристка од Кастиљионе д’Ада се покажала како позитивна во Аласио додека била во хотел. Жената била префрлена и третирана во болница во Џенова. Подоцна истиот ден, бил потврден и втор случај во Лигурија, 54-годишен маж кој го посетил Кодењо за работа бил тестиран позитивно во Специја.
На 26 февруари во Емилија-Ромања починал 69-годишен маж од Лоди со хронични медицински состојби.
Други случаи со шест малолетни лица се идентификувани во Ломбардија. Едно 4 годишно девојче од Кастиљионе д’Ада било примено во Поликлиниката Сан Матео во Павија, а петнаесетгодишно лице било примено во болницата Серијате во Бергамо. Две 10-годишни деца од Кремона и Лоди биле оценети како позитивни и отпуштени. Седумнаесетгодишник од Валтелина, кој присуствувал на училиште во Кодоњо, и негов пријател од училиштето од Сондрио, исто така, биле позитивни.
Во Апулија потврдиле дека 33-годишен маж од Таранто, кој се вратил од Кодоњо на 23 јануари, бил тестиран позитивно и бил хоспитализиран во болницата „Сан Џузепе Москати“.
Советник на гувернерот на Ломбардија, Атилио Фонтана, бил тестиран позитивно на SARS-CoV-2. Иако Фонтана бил негативен, тој одлучил да премине во превентивна изолација.
Во Кампанија биле потврдени два нови случаи на COVID-19. 24-годишна жена од Казерта, која претходно го посетила Милано, била тестирала позитивно, како и 25-годишна украинка од Кремона, која претходно била во посета на Ломбардија. Двете биле пренесени во болницата Доменико Котуњо во Неапол, каде биле подложени на изолација.
На 27 февруари, во Абруцо потврдиле дека 50-годишен маж од Бријанца, во Ломбардија, се тестирал позитивно и бил хоспитализиран во единицата за интензивна нега на болницата „Џузепе Манзини“ во Терамо. Тој и неговото семејство престојувале во нивниот дом.
На 1 март е потврден случај на зараза во областа Фоџа, во врска со 74-годишник од подрачјето на избувнување на Ломбардија, и 29-годишен војник, во повлекување во Бари, со симптоми на грип, последователно, потврдено со брис и сместен во изолација во градската болница.
Заклучно со 27 февруари, во Ломбардија имало 403 потврдени случаи и 37 излечени.
Заклучно со 4 март, потврдените случаи во Италија се искачиле на 3.089, смртните случаи на 107, а закрепнатите пациенти на 276. Пандемијата продолжува да расте и владата зборува за создавање нова црвена зона во провинцијата Бергамо со оглед на големиот број на зарази во оваа област.
Појава и ширење во Венето На 21 февруари, две лица биле позитивно тестирани на инфекции со COVID-19 во Венето. Следниот ден, еден од нив, 78-годишен маж починал во болницата Скиавонија во Падова, станувајќи прва жртва на вирусот во Италија. Мажот живеел во општината Во, која последователно била ставена во карантин.
На 23 февруари, во Венето се пријавени вкупно 25 инфекции, што се зголемило на 32 на 24 февруари.
На 25 февруари, една 76-годишна жена со постојани медицински проблеми починала во Тревизо.
На 26 февруари, 8-годишно девојче од Кодевиго било тестирано позитивно.Coronavirus: i contagiati sono saliti a 87: nuovi pazienti a Limena, Treviso e Chioggia
Од 27 февруари, во Венето имало 111 потврдени случаи, со 42 случаи во општината Во, вклучувајќи ги и двата смртни случаи.
На 28 февруари, претседателот на регионот Венето, Лука Заја, објавил дека по првите два случаи им наредил на сите жители на Во да бидат тестирани. Од 6.800 брисеви, само 1,7% биле потврдени како позитивни. Оваа епидемиолошка студија била користена на Универзитетот во Падова за проучување на пандемијата.
Заклучно со 28 февруари, во Венето имало 151 потврдени случаи, со 70 случаи во општината Во, вклучувајќи ги и двата смртни случаи.
Табели за разместеност на потврдени случаи во Италија, Сан Марино и Ватикан
РегионПотврденислучаиПочинатиИзлекуваниИзвршенитестови531177 115200 17531150382291859592621823384465217305993641478254385118340415334242156060820620169324626426370 0353 183144139Il dato sui tamponi effettuati a San Marino è aggiornato al 12 март 2020.10 0-Последно ажурирање Италија: во 18:00 на 19 март 2020.Последно ажурирање Сан Марино: 19 март 2020.Последно ажурирање Ватикан: 6 март 2020.
Заразени случаи во светот со потекло од Италија Бројни случаи на COVID-19 се појавиле низ целиот свет и се чини дека се резултат на инфекции поврзани со појавата во Северна Италија. Заклучно со 26 февруари 16 земји потврдиле случаи кои потекнуваат од Италија.
Алжир На 25 февруари, Алжир го потврдил првиот случај заразен со COVID-19, италијанец од Бертонико, во Ломбардија, кој пристигнал во земјата на 17 февруари, бил тестиран позитивно за SARS-CoV-2.
Австрија На 25 февруари, Австрија ги потврдила првите два случаи на COVID-19, 24-годишен маж и 24-годишна жена од Ломбардија, кои го посетиле својот роден град Бергамо. Тие биле тестирани позитивно на SARS-CoV-2 и биле хоспитализирани во Инсбрук, во Тирол.
На 27 февруари и двете деца на италијанската двојка биле тестирани позитивно и биле лекувани во болницата Кајзер-Франц-Јозеф.
Бразил На 25 февруари, Бразил го потврдил првиот случај на COVID-19, 61-годишен маж од Саун Пауло, кој престојувал во Ломбардија помеѓу 9 и 21 февруари, бил тестиран позитивно на SARS-CoV-2. Имал благи симптоми и бил ставен во домашен карантин.
Велика Британија На 27 февруари, Велика Британија потврдила дека пациент кој го посетил Милано бил тестиран позитивно на SARS-CoV-2. Тој бил примен во Ројал Фри болницата во Лондон.
Во Северна Ирска исто така објавиле дека првиот случај заразен со COVID-19 е лице кое патувало од Северна Италија преку Даблин и било ставено во карантин дома.
Германија На 25 февруари, Германија потврдила дека 25-годишен маж од Гепинген во Баден-Виртемберг, кој неодамна се вратил од Милано, бил позитивно на тестот за SARS-CoV-2 и бил лекуван на клиниката Ајхерхт.
На 26 февруари 24-годишната свршеница на момчето од Гепинген и неговиот 60-годишен татко, кој работи како главен лекар во универзитетската болница во Тибинген, биле тестирани позитивно и биле хоспитализирани во истата болница каде работел таткото во Тибинген. Еден 32-годишен маж од Ротвеил, Баден-Виртемберг, кој го посетил Кодоњо со своето семејство на 23 февруари, исто бил тестиран позитивно и бил хоспитализиран во изолација.
Грција На 26 февруари, во Грција бил потврден првиот случај на заразен со COVID-19, 38-годишна жена од Солун, која неодамна била во посета на Северна Италија, била тестирана позитивно на SARS-CoV-2 и била примена во Универзитетска болница АХЕПА. На 27 февруари, 9-годишното момче на 38-годишната пациентка од Солун исто така било тестирано позитивно и било хоспитализирано во истата болница каде што се лекувала мајката.
Една жена која патувала за Италија, исто така се тестирала позитивно и била хоспитализирана во Атина.
Израел На 27 февруари Израел потврдил дека маж кој се вратил од Италија на 23 февруари бил позитивен и бил примен во Медицинскиот центар Шеба во Рамат Ган.
Данска