Широкобоцкастиот кактус (Ferocactus latispinus) е кактус од видот на ферокактуси. Кактусот потекнува од Мексико.

Распространетост Овој вид е еднемичен за Мексико.

Опис Широкобоцкастиот кактус расте како единечен глобуларен кактус. Кактусот има светлозелена боја. Достигнува 30 см висина и 40 см попречно. Кактусот има 21 ребренце. Боцките се или црвенкасти или бели. Тие се сплескани и достигнуваат должина до 5 см. Овој кактус цвета доцна на есен или рано на зима. Цветовите налик на инка се виолетови или жолтеникави и долстигнуваат должина до 4 см. Плодот е овален и достигнуваат должина до 2,5 см.

Подвидови Ботаничарите препознаваат два подвида на кактусот, кои се разликуваат во бројот на страничните боцки. Ferocactus latispinus subsp. latispinus — 9–15 странични боцки. Ferocactus latispinus subsp. spiralis — 5–7 странични боцки.

Одгледување Овој кактус често се користи како украсно растение. Овој кактус цвета во раната фаза на развојот, што е пожелна хортикултурна одлика. Издржлив е до −4 °C. Просечна минимална температура е 10 °C.

Лигавите габи се хранат со остатоците во распаѓање на овој кактус во Мексико.

Наводи

Категорија:Ферокактуси