Марија Бакаловска (Охрид, 1928) — македонски технолог, стопанственик и политичар.

Животопис Родена е во Охрид во 1928 година. Дипломирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград во 1954 година. Работела во Југохром од Јегуновце. Остварила специјалистички и студиски престои во Белгија, Швајцарија, Полска, Бугарија и Велика Британија. Во 1956 година станала раководител на лабораторија, контрола и службата за развој во Тетекс од Тетово, а од 1970 година работела на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје најпрвин како предавач, а потоа и како редовен професор сè до пензионирањето во 1988 година.

Нејзино поле на научен интерес се текстилните влакна. Автор и соавтор е на бројни научни трудови, помагала и четири учебници, а учествувала и во проекти. Била потпретседател на Собранието на Македонија, проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и претседател на Заедницата за научни дејности на Македонија.

Наводи

Категорија:Македонски технолози Категорија:Македонски стопанственици Категорија:Политичари од Охрид Категорија:Македонски универзитетски професори