Стара Река или Вранештица (, Вранещица) — река во Горноџумајско, Пиринска Македонија, десна притока на Струма. Долга е 29 км. Извира од југоисточните делови на планината Влаина.
Реката извира под името Вранештица на надморска височина од 1.727 м, од кладенец во најјужниот дел на планината Влаина, 1,6 км јужно од нејзиниот првенец Кадиица (1.924 м). Првично тече на север во стрмна, длабока и шумовита долина. По ммалото В’чковци на с. Сухострел свртува на североисток, и овде служи како граница меѓу општините Симитли и Горна Џумаја (Благоевград). Во долното течение е насочена кон исток, а долината е поширока и со поблаги страни. Завршува како десна притока на Струма во селото Железница, Општина Симитли.
Сливот на реката зафаќа , што претставува 0,55 % од вкупниот слив на Струма.
Главна притока е Дебочичка Река (лева).
Стара Река се напојува претежно од дождови; најполноводна е во март и април, а најслабоводна во август и септември.
По течението на реката има три села: Сухострел, Брестово и Железница, сите во Општина Симитли.
На десниот брег на реката, западно од с. Тросково се наоѓа манастирот „Св. Арахангел Михаил“.
Топографски карти Лист од карта K-34-82. Размер: 1 : 100 000 Лист од карта K-34-83. Размер: 1 : 100 000
Поврзано Влаина Симитлиска Котлина
Категорија:Реки во Пиринска Македонија Категорија:Општина Горна Џумаја Категорија:Општина Симитли