Градевска Река (или Еловица) — река во Разлошко и Горноџумајско, Пиринска Македонија, лева притока на Струма. Долга е 31 км и одводнува делови од Југозападна Рила и најсеверниот дел на Пирин.
Реката извира под името Злата Река на надморска височина од 2.054 м, 300 м југозападно од врвот Капатник (2.170 м) на Југозападна Рила. Првите 5 км тече на југ како буен планински поток, стасува до месноста Предел (1.140 м.н.в.) и свртува на запад-северозапад. До устието се смета за граница меѓу планините Рила на север и Пирин на југ. До с. Градево тече во благо наклонета и добро пошумена долина под името Еловица, каде оддесно ја прима најголемата притока Осеновска Река и свртува на југозапад. По селото веќе се нарекува Градевска Река и долината малку се проширува, но тука страните се веќе соголени, коритото и широко и исполнето со силни наноси. Завршува како лева притока на Струма во градот Симитли.
Сливот на реката зафаќа , што претставува 1,35 % од вкупниот слив на Струма.
Главни притоки: → лева, ← десна → Мразеница → Струшка Река ← Маревска Река ← Осеновска Река (најголема) → Порогочка Река → Свинедолско Дере
Градевска Река се напојува претежно од снег и дожд. Најполноводна е во мај и јуни, а најслабоводна во август и септември. Средниот годишен истек во устието изнесува .
По течението на реката има само две населени места: селото Градево и градот Симитли, обете во Општина Симитли. Во горното течение е одморалишното место Предел.
Од устието на реката кај градот Симитли до месноста Предел, во должина од 25,4 км по долината минува делница од државниот пат II-19: Симитли – Мехомија (Разлог) – Неврокоп – ГП „Либјахово - Везме“ („Илинден - Ексохи“) за Драмско, Егејска Македонија.
Карта Лист од карта K-34-83. Размер: 1 : 100 000
Поврзано Осеновска Река Предел (превој)
Наводи
Категорија:Реки во Пиринска Македонија Категорија:Општина Мехомија Категорија:Општина Симитли