Наум Чакаров, нарекуван Лондра (-) — македонски деец, учител, војвода и член на Охридското револуционерно началство на Македонската револуционерна организација.

Животопис

200п|мини|лево|Гробниот споменик во дворот на Шипокничкиот манастир

Чакаров е роден во градот Струга во 1869 година.

Завршил педагошки курс во Солунската машка гимназија, а четврти клас гимназија завршил во Битола. Потоа работел како учител во родниот град.

Во 1890 година заминал во Бугарија, каде започнал воена обука во бугарската војска, а одреден период работел и како учител во селата Сестримо и Живково.

Кон крајот на 1896 година се враќа повторно во Македонија, кога станал член на струшкиот комитет на ВМРО.

Есента 1901 година се вработил како учител во Охридската гимназија, додека следната година бил избран за секретар на околискиот комитет на ВМРО во Охрид.

Во 1903 година за време на Смилевскиот конгрес бил поставен како охридскиот реонски началник.

Истата година бил убиен во неразјаснети околности и е верувано дека било грешка. Убиството било извршено од четник на организацијата во близина на брегот на Охридското Езеро.

Родословие

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Луѓе од Струга Категорија:Починати во Шипокно Категорија:Македонски учители Категорија:Македонски револуционери Категорија:Отомански учители Категорија:Отомански Македонци