Света Троица — понова селска црква во охридското село Пештани.

Местоположба

Црквата е сместена на самиот излез од селото Пештани, лево од патот што води за манастирот Свети Наум.

Историја

Камен-темелник за изградба на црквата бил осветен и поставен на 1 август 1996 година. Истата била завршена веќе следната година и била осветена на 4 август 1997 година од страна на митрополитот Дебарско-кичевско г. Тимотеј.

Архитектура

Целата црква е градена од обработен бигор, со осумстрана купола и полукружна апсида.

Фрескоживопис

Внатрешноста на црквата е целосно насликана во 1998 година од страна на охридскиот уметник Драган Ристески.

Иконостас

Црквата поседува иконостас.

Галерија

Поврзано Пештани Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво Пештанска парохија

Наводи

Надворешни врски

Пештани Пештани