мини|Франсоа-вазна Франсоа вазна ― најпозната вазна работена во црнофигурален стил во старогрчкото вазно сликарство. Таа претставува и прво класично дело работено со овој стил. Вазната е направена во втората четвртина од шестиот век п. н. е, а дело е на сликарот Клитиј и грнчарот Ерготим. На вазната се наоѓаат натписите „Егротимос епиесен; Клеитиас еграфсен“, кои значат дека Ерготим ја направил, а Клитиј ја насликал. Тоа укажува на фактот дека во тоа време биле раздвоени улогите на грнчари и сликари. На неа се прикажани митолошки сцени со преку 200 ликови.

Франсоа вазната е работена во Атика, а подоцна е однесена во Клузиум, еден од дванаесте градови на етрурскиот сојуз. Таа била пронајдена во една етрурска гробница во 1844 година, а називот го добила по човекот којшто ја пронашол. Денас е чувана во Археолошкиот музеј во Фиренца.Срејовић, Д. 1997. Археолошки лексикон. Савремена администрација. Београд.

Претстави на фризовите Франсоа вазна всушност е монументален кратер чии површини богато се украсени. Шест фризови се наоѓаат на реципиентот, од кои едниот се обвива околу целиот сад. Овој средишен фриз сенаоѓа под дршката, претставена е свадбата на Пелеј и Теида. Пелеј е во бела облека и стои пред куќата со дорски столбови дочекувајќи ги боговите. Прв го поздравува кентаурот Хирон. Потоа се претставени фигури – персонификации на благосостојба, Харикло, Хестија, Деметра и Дионис. На кола стигнуваат Зевс и Хера во придружба на Музите, потоа Посејдон и Амфитрита, Ареј и Афродита, Аполон и Артемида, Атина со една непозната божица, потоа пелејовите родители Нереј и Дорида, Хермес со мајка му, Океан со Тетија и Хефест.Цермановић Кузмановић А. 1991. Грчке сликане вазе, Научна књига, Београд

Претставите на останатите 5 фризови исто така се митолошки, претежно се врзани за Ахил, синот на Пелеј и Теида. Прикажани се и Тезеј и Мелеагар, а дршката на вазната ја украсуваат Горгони, Артемида и Ајант.

На подножјето има сцена на борба на Пигмеј и ждраловите.

Галерија

Наводи

Категорија:Артефакти од 6 век п.н.е. Категорија:Археолошки наоди од 1844 година Категорија:Поединечни старогрчки вазни Категорија:Архајска грчка уметност Категорија:Атичко грнчарство Категорија:Национален археолошки музеј (Фиренца)