мини|Дуќан за свеќи во Стара чаршија - Скопје мини|Самопослуга Продавница, дуќан, магазин, магаза – просторија каде што се продава стока. Продавниците може да се делат по неколку критериуми. Според обликот на достапност и преземање на стоката се делат на: продавници во кои стоката не им е достапна на купувачите, карактеристични по продажниот пулт зад кој се наоѓа еден или повеќе продавачи кои ги послужуваат купувачите и ја наплаќаат стоката пред издавање. Овој облик е карактеристичен за помали, маалски продавници кои може да бидат со широка намена, но и специјализирани, како пекарница, месарница, новински киоск. самопослужни продавници каде стоката им е достапна на купувачите кои најчесто ја ставаат во корпи или колички, па пред излегување плаќаат на каса.

Постојат разни видови продавници специјализирани за продажба на разни предмети како што се: облека поклони спортска опрема обувки прехрана мебел играчки

Поголеми објекти во кои се продаваат различни видови производи, зависно од организациската структура се нарекуваат трговски центри, стоковни куќи или самопослуги.

Продавницата како тема во уметноста и во популарната култура „Продавница на тајни“ (италијански: La Butique del Mistero) - збирка раскази на италијанскиот писател Дино Буцати (Dino Buzzati) од 1968 година.Дино Буцати, Продавница на тајни, ТНИД “Ѓурѓа”, Скопје, 2005. „Продавници со боја на цимет“ (полски: Sklepy cynamonowe) збирка раскази на полскиот писател Бруно Шулц од 1934 година.Bruno Šulc, Cimetaste prodavnice. Beograd: Paidea, 2015. „Изгубен во супермаркетот“ (Lost In The Supermarket) - песна на англиската рок-група „Клеш“ (The Clash) од 1979 година.DISCOGS, The Clash ‎– London Calling (пристапено на 9.5.2020)

Галерија

Поврзано Фабричка продажба Супермаркет

Наводи

Категорија:Економија