Фред Астер (10 мај 1899 – 22 јуни 1987), роден како Фредерик Остерлиц во Омаха, Небраска е американски филмски и Бродвејски сценски танчер, кореограф, пејач и актер. Неговата сценска и филмска кариера развиена во период од седумдесет и шест години го направи вечна легенда. Најчесто се поврзува со Џинџер Роџерс, со која има направено десет филмови што го имаат револуционеризирано жанрот.

Џорџ Баланшин и Рудолф Нуреев го сметаат Астер за најголем танчер на сите времиња, а воопшто се смета дека е највлијателниот танчер од аспект на филмската уметност. Американскиот филмски институт ќе го прогласи Астер за петта најголема ѕвезда на сите времиња.

Надворешни врски

Биографија на Фред Астер на Allmovie Guide Страна во чест на Фред Астер Биографија на Фред Астер на AlsoDances.Net Time.com: Големиот американски летач Фред Астер:1899-1987 Архива на TIME списанието: есеј за Астер на Чарлс Корлис Религиозните погледи на Астер Наводи

Категорија:Американски глумци Категорија:Оскаровци Категорија:Родени во 1899 година Категорија:Починати во 1987 година Категорија:Американски филмски глумци Категорија:Добитници на Златен глобус