Кристина Лишчевиќ (родена на 20 октомври 1989 г., во Сомбор) е српска ракометарка која игра на позицијата среден бек за СЧМ Р’мнику В’лча и за српската репрезентација.
Кариера Клупска кариера Својата кариера Лишчевиќ ја започнала во својот роден град Сомбор, каде играла за екипата на ЖРК Сомбор пред да прејде во Црвена Ѕвезда во 2009 година.
Своето прво искуство во странство го имала во 2010 година, кога потпишала за Металург од Скопје.Поранешна ракометарка на Металург од јуни слободен агент автор: Стефан Кузмановски, 24rakomet.mk. конс. 9 февруари 2019 За Металург играла до јануари 2012 и ја освоила титулата во македонското првенство и Купот на Македонија, постигнувајќи притоа 200 гола, со кој била втор стрелец во лигата. Со одличните игри за клубот од Автокоманда, заработила трансфер во францускиот Мец.
За екипата на Мец, Лишчевиќ одиграла три и пол сезони во кој освоила две титули во француското првенство, два Купа на Франција и еден Лига куп. Со францускиот клуб исто така дебитирала во Лигата на шампионите во сезоната 2011-2012, играјќи 6 натпревари од главната фаза на кој постигнала 31 гол. Во 2012 година била избрана од страна на ЕХФ за најдобра млада ракометарка во Лигата на шампионите. Во 2013 година била избрана за најдобар среден бек во француското првенство.
Во 2015 година, Лишчевиќ се преселила во унгарскиот Вац.handnews.fr: Liscevic signe en Hongrie Во летото 2016 година, Лишчевиќ била пред потпис со друга унгарска екипа Шиофок, но сепак таа подоцна се приклучила на руските екипи прво Астраханочка,handnews.fr: Liscevic s'engage avec AstrakhanochkaПоранешна ракометарка на Металург го засили противникот на Вардар gol.mk. конс. јуни 2015 а потоа Кубан Краснодар.ehfcl.com: Debutants hope for main round, despite departure of twelve top stars Во јануари 2017 година, таа се вратила во унгарското првенство и потпишала за екипата на Кишварда.
Во сезоната 2017-2018, Лишчевиќ потпишала договор со данскиот прволигаш Тим Есбјерг. Со Есбјерг го освоила данското првенство во сезоната 2018-2019 и Купот на Данска во 2017.
Во летото 2019, Лишчевиќ потпишала за романскиот шампион СЧМ Р’мнику В’лча. По пет години пауза таа повторно заиграла во натпреварите од Лигата на шампионите.
Репрезентативна кариера Лишчевиќ е дел од српската репрезентација. Меѓу најзначајните репрезентативни успеси и се четвртото место на Европското првенство во 2012 година и го освоила сребрениот медал на Светското првенство во 2013 година на домашен терен.
Титули и награди
Клупски Металург Македонско првенство : 1 2010-2011 Куп на Македонија : 1 2011
Мец Француско првенство : 2 2012-2013, 2013-2014 Куп на Франција : 2 2013, 2015 Лига куп на Франција : 1 2014
Тим Есбјерг Данско првенство : 2 2018-2019 Куп на Франција : 1 2017
Репрезентативни Светско првенство: 15px|Сребрен медал Сребрен медал: 2013
Поединечни Најдобра млада ракометарка во Лигата на шампионите: 2012 Најдобар среден бек на француското првенство: 2013
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место Профил на eurohandball
Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Српски ракометарки Категорија:Ракометарки на Металург Категорија:Ракометарки на Мец Категорија:Ракометарки на Астраханочка Категорија:Ракометарки на Тим Есбјерг Категорија:Ракометарки на Р’мнику В’лча Категорија:Родени во 1989 година