мини|Хоја, восочен цвет Хоја или восочен цвет () се повеќегодишни растенија од ист род (Apocynaceae), кои често се одгледуваат како собни растенија. Името го добиле по Англичанецот Томас Хој, главен градинар на војводата од Нортамберленд во Сион Хаус, Мидлсекс, крајот на XVIII век. Поради восочен изглед, популарно се нарекува восочен цвет. Восочниот цвет се одликува со звездени бели цветови со црвена средина.
Опис на растението Хоја е еден од најраспространетите видови од овој род. Тие растат како ползачи по дрвјата на другите растенија, а при одгледување дома често се качуваат на ѕид без вештачка поддршка. Може да достигне висина од 20цм и ширина од 50цм. Таа е препознатлива по своите јајцевидни листови со должина од околу 5цм и ширина од 2,5цм.
Хоја обично цвета во текот на летото. Во природното живеалиште, главното цветање е во јуни, понекогаш проследено со друго во септември. Има слаб, но специфичен мирис. Медовида течност тече од цвеќињата.
Галерија
Надворешни врски
Категорија:Цвеќиња Категорија:Хортикултура Категорија:Линцуровидни Категорија:Собни растенија Категорија:Растенија опишани во 1810 година