Будимпешта () — главен град на Унгарија и нејзин основен политички, културен, трговски, индустриски и транспортен центар. Во 2010 година, во Будимпешта бројот на населението изнесува 1,721,556, што е пад од средината на 1980-тите, кога тоа било 2,1 милиони луѓе. Градот има големина од 525 км2. Будимпешта станал единствен град кој ги зафаќа двата брега на Дунав со спојувањето од 17 ноември 1873 година на десниот (западен) брег Будим (или Буда) и Обуда и левиот (источен) брег Пешта.Molnar, A Concise History of Hungary, Chronology pp. 15.

Аквинк (Aquincum) кој претставува келтскa колонија е и директниот потомок на Будимпешта, станувајќи главен град на римската провинција Долна Панонија. Унгарците дошле на територијата на Будимпешта во IX век. Нивната прва колонија била уништена од Монголите во 1241-42 година. Реизградената Будимпешта станува центар на ренесансно-хуманистичката култура во XV век. После Мохачката битка од 1526 година и приближно после 150 години Отоманско владеењеMolnar, A Concise History of Hungary, Chronology pp. 15, со развитокот на регионот во XVIII и XIX век, после унификацијата од 1873 Будимпешта станува глобална метропола . Исто така станал и вториот главен град на Австроунгарија, голема сила која што се растури во 1918. Будимпешта претставувала жаришна точка на Унгарската револуција од 1848, Унгарската Советска Република формирана во 1919, Битката за Будимпешта од 1945 и револуцијата од 1956.

Почитувана како една од најубавите градови на Европа, нејзиното светско наследство ги вклучува двата брега на Дунав, Замокот Буда, Авенијата Андреси, Плоштадот на хероите и Милениум метрото коешто претставува второ најстаро метро во светот. |date=August 2010

Спорт

Градскиот парк на Будимпешта го има едно од најголемите површини со мраз. Тој е дом на унгарското бенди. Б групата од Светското првентство во Бенди 2004 било одржано баш на ова место , како и Светското бенди првенство за жени од 2007 . Будимпешта е исто така дом на Будимпешта Хонвед ФК, спорстки клуб најдобро познат по неговиот фудбалски тим.

Население

Вака изгледа историскиот развиток на населението во Будимпешта, почнувајќи од 1870 година:

thumb|right|200px|Уметничка слика на Будимпшта (1894–1896). thumb|right|200px|Унгарската кралска палата (слика од 1930 г.). thumb|right|200px|Унгарскиот дом на операта и музиката, изградена за време на Австроунгарија.

ГодинаНаселение 1870 302.085 1880 402.706 1890 560.079 1900 861.434 1910 1.110.453 1920 1.110.453 1930 1.442.069 1941 1.712.791 1949 1.590.316 1956 1.764.000 1958 1.560.079 1960 1.804.606 1970 2.001.083 1980 2.059.226 1990 2.016.681 2001 1.712.791 2005 1.695.814 2009 1.712.210 2010 1.721.556

Етнички групи Население по националност според пописот од 2001 година.: Унгарци - 1.631.043 (91,2%, 56,75% во 1880) Германци - 18.097 (1%, 34,3% во 1880) Роми - 14.019 (0,8%, 0% во 1880) Словаци - 4.929 (0,3%, 6,1% in 1880) Други (главно Полјаци, Грци, Романци) - 16.762 Без одговор (непознато) - 93.071

Според Demographical Portrait проценката за населението во 2009 изгледа вака: 95,6% домородни Унгарци (91% етнички Унгарци, 4,6% Роми) и 4,4% странци (етнички Унгарци од Трансилванија, Романија, Војводина и Србија).

Религии Население според деноминации: Римoкатолици - 808.460 (45,5%, 67,4% in 1880) Калвинисти - 224.169 (12,6%, 6,1% in 1880) Лутеранци - 46.449 (2,6%, 5,5% in 1880) Грчкокатолици - 28.901 (1,6%) Евреи - 9.468 (0,5%, 19,7% in 1880) Атеисти - 347.209 (19,5%) Други (главно христијани) - 26.681 без одговор (непознато) - 286.584

Окрузи

На почетокот откако се обединиле трите града во 1873 година, Будимпешта имала 10 окрузи. На 1 јануари 1950, Будимпешта се обединила со неколку соседни гратчиња и бројот на окрузите се зголемил и тоа на 22 (Град Будимпешта). Во тоа време се направила и промена во редот, како и во големината на окрузите. Денеска постојат 23 окрузи, 6 во Буда, 16 во Пешта и 1 на островот Чепел. Секој округ може да биде поврзан со еден или повеќе делови на градот кои се именувани според поранешните гратчиња во состав на Будимпешта.

Стопанство

Околу Будимпешта е концентрирана речиси 60% од индустријата на Унгарија. Тука се центрите за машинство, металургија и лесна индустрија. Повеќе индустриски претпријатија се наоѓаат во населбата Ујпешт и Обуда. Многу светски компании за производство на домашна опрема ги имаат сместено своите фабрики тука.

Главни знаменитости

thumb|350px|Зградата на Унгарскиот парламент.

Нео-готскиот парламент, освен другите работи коишто ги поседува, ја поседува и Светата Круна на Унгарија. Базиликата Свети Стефан (или Свети Стефан), каде што се чува Светата десна рака на пронаоѓачот и оформувач на првата унгарска држава Стефан I или Иштван I е исто така голема атракција. Унгарската кујна како и кафе културата се дел од главните знаменитосто на Будимпешта. Кремеш е првата кремпита направена специјално за кралицата Сиси. Денеска уште постојат римски остатоци во „Музејот Аквинкум“ како и остатоци од историски мебел во Замок-музејот „Нагитетени“

Буда замокот и реката Дунав, како и нејзините два брега се официјално признати и заштитени како Светско наследство на УНЕСКО.

Поранешната Кралска палата е исто така еден од симболите на Унгарија – и претставувал сцена за борби и војни од XIII век па наваму. Денеска на ова место се наоѓаат два импресивни музеја како и „Националната библиотека на Унгарија“. Соседната Сандор палата содржи канцеларии како и официјалната вила на Претседателот на Унгарија. Друго обележје на Будимпешта е Црквата Св. Матијас која е стара околу седумстотини години. Веднаш до неа се наоѓа споменик на првиот крал и пронаоѓач на Унгарија Св. Стефан, а позади се наоѓаат Рибарските кули, од каде што се добива голем панорамски поглед врз целиот град. Статуите на Турул, митската птица која е заштитник на Унгарија, се наоѓаат во округот замок и дванаесеттиот округ.

thumb|220px|Светата Круна, клучен симбол на целата Унгарија.

Во Пешта најголема знаменитост претставува авенијата Андраси. Булеварите Кодали и Октогон од двете страни се оградени со големи продавници и згради кои се споени едни до други. Помеѓу нив и Плоштадот на хероите, куќите се одделени и поврзани заедно. Под сево ова се наоѓа најстарата континентална европска метро станица, станица од која повеќето денешни станици го презеле изгледот. Плоштадот на хероите доминира со статутите на сите унгарски кралеви и врвни луѓе значајни за историјата на Унгарија, како и со гробот на непознатиот војник. Од страните се наоѓаат „Музејот на убавите уметности“ и „Палатата на уметноста“, а позади е Градскиот парк отворен со Замокот Вајданхуниад. Еден од бисерите на авенијата Андраси е Унгарската оперска куќа. Паркот на статуите, чија тема се статуите од комунистичката ера е сместен надвор од центарот и до него може да се стигне со јавен транспорт.

Градот е домаќин на најголемата синагога во Европа (Дохани уличната синагога), како и втората најголема работилница во светот. Синагогата е сместена во еврејскиот округ оддалечена само неколку блока од центарот на Будимпешта. Градот исто така се гордее со третиот најголем парламент во светот, некогаш дури бил и најголем. Третата најголема црква во Европа (Есзтергом базилика), како и вториот најголем Барок замок во светот.

Во 2010 година, светски најголемата панорама била направена во (и на) Будимпешта.

Острови thumb|225px|Островот Маргит.

Во реката Дунав се наоѓаат седум острови: Шипјард, Маргарет, Чепел, Палотај сзигет (сега полуостров), Непзигет, Харос-сзигет и Молнар-сзигет.

Најпознати острови се:

Островот Маргит е долг 2,5 км и зафаќа површина од 0.965 км2. Островот се состои од парк и е популарна рекреатицвна атракација како за туристите, така и за мештаните. Островот лежи меѓу мостовите Маргарет (југ) и Арпад (север). Клубови, базени, аква парк, атлетички и фитнес центри, патеки за велосипеди и трчање може да се најдат околу островот. За време на денот, островот во главно е зафатен со луѓе посветени на спортот или кои само се одмораат. За време на летото (најчесто за време на викендите), најчесто млади луѓе одат на островот на ноќни завави на некоја тераса од островот, или одат на рекреација со шише алкохол клупа или во трева (оваа форма на завава некогаш се нарекува забава на клупа) Островот Чепел е најголемиот остров во Дунав на унгарска територија. Долг е 48 км, широк од 6 до 8 км и зафаќа површина од 257 км2. Хајогиари-сзигет (или Обудаи-сзигет) е остров кој е подигнат од човек, сместен во третиот округ. Овој остров е домаќин на повеќе активности како бордање, скијање на вода преку денот, а за ноќниот живот се грижат дискотеките на негова територија. Ова е островот каде што познатиот Сзигет Фестивал се одржува, на кој има околу 100 изведби во една година, а го посетуваат околу 400.000 луѓе. Многу проекти се планираат за изградба на овој остров. Дел од нив се: најголем забавен центар во Европа, згради за живеење, хотели, казина и морнарница. Лупа-сзигет е најмалиот остров на Будимпешта, сместен во северниот регион.

Бањи

Една од причините поради што Римјаните први ја колонизирале областа која се наоѓала западно од реката Дунав и го оснавале нивниот регионален главен град кај Аквинкум (сега дел од Обуда во северна Будимпешта) е можноста да ги користат и уживаат во термалните извори. И денеска сѐ уште постојат урнатини на огромни бањи коишто биле изградени за време на тој период. Денешните бањи коишто биле изградени за време на отоманскиот период (1541-1686) се користеле и за бањање и за медицински услуги, и некои од нив дури се користат и денеска. Будимпешта во 1920-тите, доби репутација за град на бањите, поради економскиот потенцијал кој се вложувал во бањите. Како резултат на тоа во 1934 година и официјално Будимпешта била избрана за „Град на бањите“. Денеска бањите најмногу се користат од странана постарата генерација на луѓе, но со исклучок, во бањите „Магична бања“ и „Синтрип“ постојат т.н. диско клубови на вода каде што помладите претпочитаат да одат за време на летата. Градењето на „Кирали бањите“ започнало во 1565 година и поголем дел од зградата која е присутна денеска датира од оттоманскиот период, вклучувајќи ја познатата купола базен.

„Бањите Рудас“ не се бањи кои се одлична централна положба - тие се поставени на крива теста линија земја помеѓу ридот Гелерт и реката Дунав и претставуваат одличен пример на архитектура која датира од отоманскиот (или турскиот) период. Главната одлика е осумаголниот базен, кој добива светлина од купола со пречник од 10 м, поддржана од осум столбови. left|250px|thumb|Бањите Сечењи

Бањите и хотелот „Гелерт“ биле изградени во 1918 година, иако во минатото на истото место имало турски бањи, а во средниот век на истото место имало болница. Во 1927 бањите биле проширени со цел да се изгради брановиот базен како и уште едната бања кој била додадена во 1934 година. Со неговите шарени мозаици, мермерни столбови, обоени прозорци и скулптури, несомнено претставува еден од најубавите бањски комплекси во Будимпепта.

„Бањите Лукакс“ исто така се наоѓаат во Буда и тие се турски според „потеклото“, но сепак тие биле повторно подигнати кон крајот на XIX век. Во исто време биле подигнати и бањите и центарот за медицински третмани. Од 1950-тите овие бањи се сметаат за центар на интелектуалците и артистите.