Економија - книга на македонскиот економист Таки Фити, првобитно објавена во 2006 година. Книгата доживеала неколку изданија и се користи како универзитетски учебник на повеќе економски факултети во Македонија.

Прво издание Првото издание на книгата се појавило во 2006 година, објавено од Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Рецензенти на книгата биле Методија Стојков и Димитрија Новачевски, ликовен уредник бил Кочо Фиданоски, а компјутерска подготовка ја направил Бане Галиќ. Книгата, со димензии од 26 сантиметри и со обем од 540 страници, била испечатена во печатницата „Македонска ризница“ од Куманово. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-113-72-6.Таки Фити, Економија. Скопје: Економски факултет - Скопје, 2006.

Содржина Предговор Прв дел: Вовед во економската наука 1. Економијата како наука 2. Базичните економски концепти Втор дел: Основи на микроекономијата 3. Основните елементи на побарувачката и понудата 4. Теорија на изборот на потрошувачот 5. Основи на теоријата на производството – производната функција и одлуките на фирмата 6. Анализа на трошоците 7. Совршена конкуренција 8. Монополот и бариерите за влез 9. Олигопол 10. Пазарите на факторите на производството 11. Наемнините и пазарот на трудот 12. Државата и бизнисот Трет дел: Основи на макроекономијата 13. Клучните макроекономски поими 14. Мерење на вкупната економска активност – бруто-домашен производ 15. Економскиот раст и продуктивноста 16. Економски циклус 17. Потрошувачка, штедење и инвестиции 18. Пари и банки 19. Невработеност и инфлација 20. Фискална политика 21. Монетарна политика 22. Меѓународна економија 23. Макроекономијата денес Речник Индекс

Второ издание

Трето издание Третото издание на книгата се појавило во 2010 година.Таки Фити, Економија. Скопје: Култура, 2014.

Четврто издание Во 2014 година се појавило четвртото издание на книгата, објавено од издавачката куќа „Култура“. Рецензенти на книгата биле Методија Стојков и Димитрија Новачевски, ликовен уредник бил Кочо Фиданоски, лектор Здравко Ќорвезироски, а компјутерска подготовка ја направил Бане Галиќ. Книгата е со димензии од 26 сантиметри и со обем од 580 страници. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-32-775-9.

И четвртото издание се состои од предговор, речник, индекс и 23 глави, групирани во три дела: Вовед во економската наука, Основи на микроекономијата и Основи на макроекономијата. Притоа, во однос на првото издание, содржината на првиот и вториот дел е непроменета; исто така, првите две глави од третиот дел (13. и 14. глава) се исти како во првото издание, 15. глава се вика Економскиот раст и продуктивноста, 16. глава е наречена Економски циклус, 17. глава се вика Потрошувачка, штедење и инвестиции, а потоа, распоредот на следните глави (од 18. до 23.) е ист како во првото издание.

Наводи

Категорија:Дела на Таки Фити Категорија:Изданија на Култура Категорија:Изданија на Економски факултет - Скопје Категорија:Книги од 2014 година Категорија:Книги од 2010 година Категорија:Книги од 2006 година Категорија:Економија Категорија:Учебници