Семејството Купрен (фр. Couperin) било династичко музичко семејство на професионални композитори и изведувачи. Биле најпродуктивната фамилија во француската музичка историја, мошне активни за време на Барокот. Потекнуваат од Шоме на Бри, мало гратче педесеттина километри источно од Париз, во денешниот (департман Сена и Марна).

Неколку членови од ова семејство биле титуларни оргулари на црквата Св. Жерве, близу Градското собрание, позиција која останала во семејството цели 173 години. Инструментот во оваа црква е од голема важност сам за себе.

Најпрочуени и најнадарени членови на ова семејство биле Луј Купрен и Франсоа Купрен Великиот, негов внук.

Поедноставена семејна лоза Оргуларите во црквата Св. Жерве се задебелени со (ранг). thumb|200px|right|Органата во црквата Св. Жерве

Матурен Купрен, †1640; земјоделец, инструменталист Дени, †1656; notary, инструменталист Шарл постариот, †1654; инструменталист Луј (1) (1626-1661) чембалист, оргулар и гамбист Франсоа (1631-1701) музичар Маргарита-Луиса (1676-1728) пејачка Никола (4) (1680-1748), оргулар Арман-Луј (5) (1727-1789), оргулар Пјер-Луј (6) (1755-1789), оргулар Жерве-Франсоа (7) (1759-1826), оргулар Селеста-Тереза (8) (1795-1860), оргуларка Никола-Луј (1760-по 1817) Шарл (2) (1639-1679) Франсоа Великиот (3) (1668-1733) Марија-Маделена (1690-1742) калуѓерка, оргуларка Франсоа-Лорен († по 1740) Маргарита-Антоанета (1705-1778) чембалистка на Кралот

Наводи

Категорија:Француски музичари