Амстел Голд Рејс 2019 — 54. издание на велосипедската еднодневна трка Амстел Голд Рејс, која се одржала на 21 април како осумнаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.

Трката била освоена од Матје ван дер Пул.

Екипи

Бидејќи Амстел Голд Рејс е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.

Фаворити пред трката

Главни фаворити пред трката биле Матје ван дер Пул, кој требало да го има своето деби на Амстел Голд Рејс и Жилијан Алафилип. Обајцата веќе биле успешни во почетокот на сезоната, каде Ван дер Пул ги освоил Дварс дор Вландере и Брабантсе Пејл, а Алафилип ги освоил Страде Бјанке и Милано-Санремо. Други возачи како фаворити биле Мајкл Метјус, Петер Саган, Максимилијан Шахман, Алехандро Валверде и Јакоб Фуглсанг, како и поранешните победници Филип Жилбер и Михал Квјатковски. Бранителот на титулата, Михаел Валгрен, исто така ќе учествувал, но не бил сметан за фаворит, поради разочарувачкиот почеток на сезоната.

Извештај од трката

На почетокот на трката се одвоило бегство од 11 возачи од главната група. Нивното водство пораснало до осум минути пред екипата на Јакоб Фуглсанг, , да го забрзаат темпото во главната група. Матје ван дер Пул бил прв од фаворитите да нападне на 43 километри до целта, заедно со Горка Исагире, но нивниот обид бил осуетен набрзо потоа. Жилијан Алафилип бил следниот што нападнал набрзо откако раното бегство било достигнато, придружуван од Фуглсанг и Матео Трентин. Трентин не можел да ги следи другите двајца и нему му се приклучил Михал Квјатковски, со група на потера во која се наоѓале поголемиот дел од фаворитите малку зад нив.

По завршното качување на Кауберг, Алафилип и Фуглсанг имале водство од 30 секунди пред другите двајца и скоро минута пред групата зад нив. На 3 километри до целта, нивното водство било до 40 секунди пред Квјатковски, кој го оставил Трентин зад него. Тогаш двајцата напред престанале да соработуваат еден со друг, обидувајќи се да ја зачуваат енергијата за нивниот завршен спринт. Меѓутоа, тие биле достигнати во последниот километар, најпрвин од Квјатковски, а потоа и од групата предводена од Ван дер Пул. Во претстојниот спринт, Ван дер Пул се покажал најсилен, додека местата на подиумот биле земени од Сајмон Кларк и Фуглсанг.

Поредок Завршен пласман

Список на учесници

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Амстел Голд Рејс Категорија:Светска турнеја на UCI 2019 Категорија:Холандија во 2019 година