Мелдоница или Мелидони () — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 27 жители (2021).

Географија Селото е сместено на левиот брег на реката Бистрица, околу 6 км североисточно од Лапчишта.

Историја Во Отоманското Царство Според грчка статистика од 1904 г. во Мелдоница живееле 60 Грци христијани.Σπανός, Κωνσταντίνος. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001. Сепак, овој податок не може да се потврди од други извори, знаејќи ја пристрасноста на грчките извори.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Мелдоница е припоена кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 87 жители кои во 1920 г. станале 90. Во 1920-тите во властите довеле едно грчко семејство од Турција со 9 лица. Така, во 1928 г. во Мелдоница е попишано 121 лице, кои во 1940 г. се накачиле на 151. Оттогаш наваму населението на селото бележи постојано намалување.

Население

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Преображение“ Црква „Воведение на пресв. Богородица“ — на излезот од селото, изградена во 1913 г. Стопанство Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи. Во помала мера застапено е и сточарството.

Поврзано Населица

Наводи

Категорија:Горуша (општина)