Немања Милиќ (роден на 25 мај 1990 година) е професионален српски фудбалер, кој настапува на позицијата крилен напаѓач. Моментално настапува за екипата на БАТЕ од Борисов.
Клупска кариера
ОФК Белград Немања Милиќ е роден во Сомбор. Својата кариера ја започнал во екипата на ОФК Белград, каде што ги поминал младинските категории. Својот прв натпревар за сениорскиот клуб го имал во сезоната 2006–07 во српската Суперлига. Бил еден од играчите на клупската академијата со најдобри изгледи за одлична кариера. Откако и наредната сезона ја поминал играјќи со младинскиот тим, Милиќ на првиот тим на ОФК Белград се приклучил во сезоната 2008–09 во српската Суперлига. На почетокот на 2009 година, Милиќ бил избран (скаутиран) од клубот на Ливерпул. Во својата прва сениорска сезона, Милиќ за клубот на ОФК Белград имал одиграно 26 натпревари во сите натпреварувања, вклучувајќи и два натпревари во Купот на УЕФА Интертото. Својот прв сениорски гол го постигнал на 23 мај 2009 година на гостински терен на натпревар против екипата на Борац од Чачак. Во сезоната 2009-10, Немања Милиќ постигнал 6 гола на вкупно 20 натпревари во Суперлигата. Во наредната сезоната 2010–11 тој постигнал 4 гола на 28 одиграни натпревари. За време на таа сезона во есента 2011 година тој бил поврзуван со клубот на Астон Вила. Претходно, тој ги постигнал двата гола во победата од 2:0, во вториот натпревар од сезоната 2011–12 во српската Суперлига, против екипата на Јагодина влегувајќи во игра како замена. Милиќ одиграл уште 11 натпревари, но без да постигне голови во остатокот од таа сезона. Тој постигнал 2 гола во првата половина од сезоната 2012–13, едниот против составот на Раднички од Ниш во Суперлигата и вториот против екипата на Слога од Краљево во натпреварот од Купот на Србија. По многу проблеми со повреди, Милиќ ја пропуштил целата пролетна полусезона, а го напуштил клубот во летото 2013 година како слободен играч.
Спартак Суботица Во јули 2013 година, Милиќ најпрво се приклучил на составот на Хајдук од Кула, но подоцна се преселил и потпишал договор со екипата на Спартак од Суботица. Во првата сезона со новиот клуб, Милиќ одиграл 16 лигашки и 5 натпревари во купот, притоа постигнувајќи 1 гол. Постигнувајќи 7 лигашки голови на 26 натпревари во Суперлигата, тој се промовирал како најдобар стрелец на екипата на Спартак од Суботица во сезоната 2014–15. Во наредната сезона 2015-16 во српската Суперлига, тренерот Андреј Чернишов го споил Немања Милиќ со соиграчот Огњен Мудрински како тандем во нападот. Во првата половина од сезоната 2016–17 година, Милиќ најчесто бил користен како втор напаѓач. Во тој период постигнал 6 гола во Суперлигата. На крајот на 2016 година, тој бил избран за најдобар играч на екипата на Спартак од Суботица и најдобар фудбалер со потекло од град Сомбор, кој настапувал во српската Суперлига.
Црвена ѕвезда Белград На 10 јануари 2017 година, Милиќ потпишал договор на три години и половина со екипата на Црвена ѕвезда од Белград. Својот прв натпревар за новиот клуб го одиграл на 25 февруари 2017 година, заменувајќи го соиграчот Срѓан Плавшиќ во второто полувреме од натпреварот против составот на Бачка од Бачка Паланка. Милиќ својот прв натпревар на теренот го започнал во 27миот натпревар од сезоната 2016–17 во српската Суперлига против екипата на Чукарички. Настапил на местото на повредениот Џон Хаиро Руиз. Неколку дена подоцна, тој бил стрелец на пријателскиот натпревар против екипата на Спартак од Москва, одигран на стадионот Рајко Митиќ. Милиќ својот прв гол за клубот во натпреварувачки натпревар го постигнал во победата со резултат од 4:2 против клубот на Младост од Лучани.
БАТЕ од Борисов На 28 декември 2018 година, Милиќ потпишал тригодишен договор со ФК БАТЕ од Борисов со тансфер од 300 000 евра заминувајќи од екипата на Црвена ѕвезда од Белград.
Статистика во кариерата
Клупска статистика } +Одиграни натпревари, постинати голови во различни сезони со различни клубовиКлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариДруги натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиОФК Белград2006–07Суперлига100000—102007–080000——002008–092410020—2612009–1020600——2062010–112331140—2842011–1212200——1222012–139121——112Вкупно89133260—9815Спартак од Суботица2013–14Суперлига16150——2112014–1526720——2872015–1619330——2232016–1719620——216Вкупно8017121——9218Црвена ѕвезда од Белград2016–17Суперлига10131——1322017–181322190—2432018–19500060—110Вкупно28352150—485БАТЕ2019Премиер Лига2040020—22420201855030—265Вкупно3895050—489Вкупно во кариерата23542255260—28647
Признанија
Клупски признанија
Црвена ѕвезда Белград
Освоена е Српската Суперлига: 2017–18
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Родени во 1989 година