мини|234x234пкс|3' кон 5' егзонуклеаза поврзана со полимераза l (Pol I) Егзонуклеаза — ензим кој сече нуклеотиди, еден по еден, од крајот (егзо) на полинуклеотидниот синџир. Хемиската реакција која ја катализира овој ензим е хидролиза на фосфодиестерската врска на 3' или 5' крајот на полинуклеотидниот синџир. Спротивно на егзонуклеазата, ендонуклеазата е ензим кој врши кинење на фосфодиестерските врски во средината (ендо) на полинуклеотидниот синџир. Еукариотите и прокариотите имаат три вида на егзонуклеази кои учествуваат во нормалниот животен циклус на иРНК молекулите: 5' кон 3' егзонуклеаза (Xrn1), ензим кој учествува во отстранувањето на 5' капата на еукариотската иРНК; 3' кон 5' егзонуклеаза; и поли(A)-специфична 3' кон 5' егзонуклеаза.
Кај aрхеите и еукариотите, еден од главните начини за деградација на РНК молекулите е со помош на мултипротеинскиот ексозомски комплекс, кој се состои главно од 3' кон 5' егзорибонуклеази.
Наводи
Надворешни врски
Егзонуклеази во Националната медицинска библиотека на САД, Medical Subject Headings (MeSH)
Категорија:Ензими Категорија:Белковини Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ