Света Недела — помала црква во охридското село Косел.

Црквата се наоѓа на излез од селото, непосредно до патот Охрид-Ресен.

Историја

Камен-темелникот на црквата бил осветен и поставен на 8 септември 1996 година, а целосно била завршена во 2004 година. Осветувањето на црквата било направено на 26 октомври 2004 година од страна на митрополитот г. Тимотеј.

Архитектура

Во црквата постои фрескоживопис, кој бил насликан од уметникот Тони Милцов од Охрид. Иконостасот од резба бил изработен во фабриката „ЕМО“.

Галерија

Поврзано Косел Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво Коселска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Косел Косел