300px|мини|десно|Мексикански музичар маријачи со сомбреро, кој претставува нивен заштитен знак. 300px|мини|десно|Карикатура на Емилијано Запата, водачот на Мексикански револуции 1910 година Сомбреро ( што значи шешир) на македонски јазик подразбира препознатлив шешир со потекло и од Мексико и од Филипини. Зборот е изведен од зборот sombra, што значи сенка. Иако ги подразбирал сите видови на шешир, се смета дека каубојците значењето на зборот го пренеле само на овој посебен вид на шешири.
Денас сомбреро е заштитен знак на мексиканските музичари попознати како Маријачи, а вообичаено, освен во Мексико, се носи и по целата Јужна Америка и Шпанијаsombrero | Proleksis enciklopedija. Во Мексико шеширите за посиромашните слоеви прават од мах од слама или палмини влакна, додека сомбрерата за побогатите слоеви и господата се прави од најфиниот филц, со додаток на украси, како што се траките на обод. Дизајнот на сомбреро е многу разноличен, па овие шешири се наоѓаат во мноштво бои, шари и со различити украсими.
Настанок Не се знае точно кога настанал овој препознатлив шешир со многу широк обод, понекогаш широк и до 60 cm со округлест облик во делот кој се става на глава. Во некои извори се спомува дека ваквата врста на шешири ги носеле монголските коњаници уште во 13 век. Меѓутоа, не е исклучено дека овој шешир настанал многу порано, со оглед на големите вруќини кои осекогаш владееле во краевите каде тој со векови се носи.Писали сте | Politikin Zabavnik
Влијанија на различити култури 160px|мини|лево|Сомбреро со илустрации на гитара, харфа и гуампа. Каубоји од Тексас го прифатиле сомбреро од Шпанија кој имал рамен обод и широк оруб. Таквите шешири ги нарекувале и Поблано (Poblano) шешири.
Мексиканската варијанта на сомбреро од шпанското сомбреро се разликувало по тоа што имало уште поширок обод и бил додаден конични дел на средината на шеширот, како би се шеширот подобро вчврстил на главата. Ваквите шешири ги носеле мексиканските музичари Маријачии и коњаниците Чарии. Иако најчесто имале повез испод брадата, шеширите биле големи, тешки и незграпни за носење при работа на ранч.
На американскиот Див Запад, сомбреро имал висок коничен или цилиндричен врв со украси изработени од плиш.
Заради мексиканското влијание на становниците на Филипини преку шпанските товарни бродови кои преку Тихиот Океан сообраќувале помеѓу Мексико и Филипини, сомбреро стигнал и до Филипљаните. Терминот се асимилувал во облик сумбреро, под кој денеска се подразбираат сите врсти на капи, од мексиканскиот сомбреро до качкетите за бејзбол.
Занимливости
300px|мини|десно|Сомбреро галаксија Спирална галаксија М104 во сазвездието Девица позната е под името Сомбреро галаксија заради својот облик кој подсетува на овој шешир. Најсеверниот остров на Малите Антили кој припаѓа на групата на острови Ангвила, се нарекува Капа или Сомбреро. Големиот спортски стадион Tampa Stadium на Флорида заради својот облик е познат под името Голем сомбреро. Најпрочуениот пљачкаш од Дивиот запад, легендарниот Били Кид, постојано го носел својот сомбреро шешир украсен со зелена трака.Press Online, Life style Стриповите во Југославија во некои пустоловини биле нарекувани по сомбреро, како што е стрипот на јунаци на Мак Корд во епиозодата Црвен сомбрероCrveni sombrero - Mak Kord - www.stripovi.com - Prozor u svijet stripa, Голем Блек во стрипот Црн сомбрероCrni sombrero - Veliki Blek - www.stripovi.com - Prozor u svijet stripa и Панчо Гонсалес во Златно сомбрероZlatni sombrero - Pančo Gonzales - www.stripovi.com - Prozor u svijet stripa. Папа Бенедикт XVI во текот на посетата на Мексико во март во 2012 година, го носел на главата црно-белиот сомбреро.Blic Online | Papa Benedikt XVI nosio sombrero tokom posete Meksiku
Поврзано Маријачи Галаксија Сомбреро
Наводи
Литература
Категорија:Мексиканска култура Категорија:Капи