Беранечка парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Битолското архијерејско намесништво на Преспанско-пелагониската епархија. Нејзиното седиште е во црквата „Св. Атанасиј“ во селото Беранци. Парохиски свештеник е ереј Ецо Велјановски.

Парохијата ги опфаќа селата: Беранци, Вашарејца, Долно Српци, Ношпал, Радобор, Горна и Долна Чарлија.

Цркви Ова е список на црквите во парохијата. Можно е списокот да е нецелосен.

име населено место изградена слика Црква „Св. Атанасиј“ Беранци 1868 100п Црква „Св. Јован Крстител“ Беранци 1879 100п Црква „Св. Константин и Елена“ Беранци 2003 100п Црква „Св. Ѓорѓи“ Вашарејца 1883 100п Црква „Св. Теодор Тирон“ Долно Српци 1871 100п Црква „Св. Архангел Михаил“ Долно Српци 100п Црква „Св. Никола“ Ношпал 1865 100п Црква „Св. Петка“ Ношпал 1984 100п Црква „Св. Петар“ Радобор 1891 100п Црква „Св. Димитриј“ Горна и Долна Чарлија 1895 100п

Поврзано Битолско архијерејско намесништво

Наводи

Надворешни врски

Страница на Преспанско-пелагониската епархија

Категорија:Битолско архијерејско намесништво Категорија:Парохии на МПЦ