Јелена Аргир (псев. Илинка; во ) — македонска работничка, борец и политички раководител во НОАВМ.
Животопис Јелена Аргир е родена во Крушево, каде била активен член на Друштвото „Есперанто“. Како заменик-политички комесар на чета во Крушевскиот НОПО „Питу Гули“ (од јуни 1942), бугарскиот Воен преки суд во Прилеп ја осудил во отсуство на 15 години затвор (22 ноември 1942). Извесно време била борец и политички раководител во Мавровско-кичевскиот НОПО, НО баталјон „Мирче Ацев“, Втората македонска НОУБ (заменик-политички комесар) и ополномоштеник на ОЗНА во Четвртата дивизија на НОВЈ. Носител е на Партизанска споменица 1941 и повеќе одликувања.
Наводи
Категорија:Луѓе од Крушево Категорија:Македонски партизани Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941