мини|Хитови: Око мое / После мене / Рано е / Мелем за душа... Стојне Николова (Струмица, 4 септември 1994) — македонска поп-фолк пејачка. Нејзиното прво фестивалско појавување е забележан како седумнаесетгодишна девојка на Роса фест 2011 со песната „Моминска вечер“, по што следуваат неколку синглови. Стојне, како најмлада фолк пејачка, веднаш станува забележана и барана, а со првиот албум „Од тебе подарена“ набрзо се издигнува неколку скалила погоре. Во 2018 година на Роса фест ја изведува „Око мое“ која веднаш станува хит.
Редовен учесник е на повеќето фестивали во Македонија: Роса фест, Валандово, Охридски трубадури, Прилеп фест и други. Учествува во „Пирин фолк фест“ во Свети Врач, Пиринска Македонија меѓу 2015 и 2017 година, од каде е добитник на неколку награди.
Во 2025 учествуваше во проектот, албум „Тамбуром кроз Македонију“ објавен во Хрватска со 2 македонски песни: „Зошто си ме мајко родила“ и „Стани моме да заиграш“. Гостуваше и на јубилејниот концерт на Ампе и Драчево Оркестар во Скопје.
Фестивалски настапи
Роса фест - (2011) Моминска вечер / (2015) Ajде Македонијо / (2017) Зоште ме изневери / (2018) Око мое / (2019) Заедно да бидеме - Со Дамјан Стојановски / (2020) Новата јас / (2021) Ти си живот мој / (2022) Мајка роди до два сина / (2023) На две страни / (2024) Јужна крв / (2025) Убави по душа
Охридски трубадури - (2015) Рано е / (2016) Тебе ти припаѓам / (2022) Аманет
Пирин фолк фест - (2015) Опиум / (2016) Зошто ме изневери
Валандово - (2019) Едно засекогаш (награда за дебитант)
Лешочки фок фест - (2020) Канете гости на мекици
Прилеп фест - (2024) Најлична невеста
Дискографија
Албуми
(2015) Од тебе подарена
(2019) Мелем за душа - Сенатор мјузик
Соработка на други проекти (2020) Албум со музика за семејните вредности - учесник со песната „Канете гости на мекици“, изд. Сенатор мјузик.
(2025) Тамбуром кроз Македонију - учесник со 2 македонски народни песни на албум објавен во Хрватска. изд. Газдеарт
Спотови Спот Година Режисер Бакни ме 2013 Ин Продукција Река гази малој моме 2013 Ин Продукција Од срце тебе подарена 2013 Рано е 2015 Љуби ме 2016 Ин Продукција Ајде Македонијо 2016 Арт Студио Продукција Опиум 2016 Celofan Production После мене 2018 Zona M1 Production Тебе ти припаѓам 2018 На друг не давај ме 2018 Мелем за душа 2018 Арт Студио Продукција Око мое 2019 Ин Продукција Спремај мајко дарови 2019 Арт Студио Продукција Крушево абер пристигна 2020 Даниел ЈовескиКолешино 2020 Ин ПродукцијаКамионџија 2023 Бобан МојсовскиНовата јас 2023 Студио АнастасијаЛоша 2024 Бобан МојсовскиНа две страни 2024 Арт продукцијаАманет 2024 Арт продукцијаНовогодишна2024Арт продукцијаНајлична невеста2025Арт продукцијаДуша скршена2026Арт продукцијаМори моме, лично убаво2026Ин продукција и Гоце Петрески
Наводи
Категорија:Пејачи од Струмица Категорија:Македонски поп-фолк пејачи Категорија:Родени во 1994 година