Таткото-господар (италијански: Padre Padrone) - италијански филм од 1977 година, во режија на браќата Паоло Тавијани и Виторио Тавијани, кои се автори и на сценариото, заедно со Гавино Леда по чија книга е снимен филмот. Главните улоги ги толкуваат: Омеро Антонути, Саверио Маркони, Марчела Микеланџели, Фабрицио Форте, Станко Молнар и Нани Морети. Филмот освоил награда на Берлинскиот филмски фестивал, а на Канскиот фестивал ги освоил „Златната палма“ и наградата FIPRESCI.IMDb, Awards (пристапено на 4.10.2019)

Синопсис Дејството на филмот се одвива во Сардинија и го опишува животот на Гавино. Еден ден, таткото на Гавино (малиот Гавино го глуми Форте) влегува во училиштето и го зема со себе својот син со намера да го претвори во овчар. Така, малиот Гавино е осуден да живее во планината, каде мора да го трпи суровиот однос на татко му (го игра Антонути), кој често го казнува со ќотек заради направените грешки. Годините минуваат, а Гавино (возрасниот Гавино го игра Маркони) останува неписмен, извршувајќи ја овчарската работа. Кога момчињата од селото заминуваат на работа во Германија, и Гавино се пријавува, но комисијата го одбива зашто неговиот татко не дал согласност. Дури откако студот го уништува маслиникот, таткото го продава целиот имот и го испраќа Гавино во армијата. Таму, тој се описменува, го положува испитот за радио-техничар, завршува гимназија и сонува да студира лингивстика. Меѓутоа, татко му не се согласува и Гавино е принуден да се врати во селото каде повторно работи како овчар. Меѓутоа, желбата за студирање е посилна и тој му се спротивставува на татко му. Подоцна, Гавино го завршува факултетот, пишува студија за дијалектот на родниот крај, но повторно нешто го тера да се врати во своето село.IMDb, (пристапено на 4.10.2019)

Наводи

Категорија:Италијански филмови Категорија:Филмови на италијански јазик Категорија:Филмови од 1977 година Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Италија Категорија:Филмови на браќата Тавијани Категорија:Филмови со Омеро Антонути Категорија:Филмови со Саверио Маркони Категорија:Филмови со Нани Морети Категорија:Филмови со Марчела Микеланџели Категорија:Филмови со Фабрицио Форте Категорија:Филмови со Станко Молнар Категорија:Филмови засновани на книги Категорија:Добитници на Златната палма