мини|Том Дејли Томас Роберт "Том" Дејли (; Плимут, 21 мај 1994) е елитен британски нуркач во вода. Неговата специјалност главно е да скока од кула на висина од 10 метри, најчесто во поединечна конкуренција.
Почнал да тренира кога имал седум години во локален скокачки клуб во Плимут, а на 9-годишна возраст започнал сериозно да се натпреварува на националните турнири. На 14-годишна возраст, Дејли во 2008 година ја освоил титулата Национален шампион на Велика Британија во скокање од кула, со што станал најмладиот скокач што го постигнал тој резултат во Велика Британија. Учествувал на Летните олимписки игри во 2008 година во Пекинг, каде што бил најмладиот член на британскиот олимписки тим. Уште следната година на Светскиот куп во Рим, тој ја освоил светската титула во истата дисциплина.
Тој го освоил својот прв олимписки медал на ЛОИ во 2012 година во Лондон, каде што го освоил третото место во поединечни скокови од кулата. Четири години подоцна, на Игрите во 2016 година во Рио го освоил бронзениот медал заедно со Даниел Гудфел во синхронизирани скокови од кулата .
На светско првенство во 2015 година во рускиот Казањ, тој освоил два медала, златен во тимска конкуренција (заедно со Ребека Галантри ) и бронзен во поединечни скокови од кулата. Две години подоцна, на светското првенство во Будимпешта, каде што го освоил златниот медал во скокови од кулите, заедно со Грејс Рид и среброто во заеднички скокови од даска.
Поврзано
Скокање во вода Скок на вода Светскиот куп 2015 година Ребека Галантри
Наводи
Надворешни врски
Профил на страницата на Клубот за скокање во Плимут
Категорија:Скокови во вода на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Скокови во вода на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Британски спортисти Категорија:Живи луѓе