250px|мини|десно|Мешалка Мешалка — предмет што служи за мешање; голема дрвена лажица. Оваа кујнска алатка се користи за подготовка на храна.

Употреба Првите лажици кои се користеле за јадење биле изработувани од дрво и школки, а подоцна биле изработувани и од метал.Кашика, виљушка и нож кроз историју , dnevno.rs, 23. 6. 2013.

Денес дрвените лажици најчесто се користат за подготовка на храна. Дрвените лажици за разлика од металните не спроведуваат топлина, така што нивната дршка останува ладна и кога лажицата се наоѓа подолго време во жешка супа или сос.Зашто користити дрвену кашику при кухању, Kuhar.ba, 25. 7. 2012.

Металните лажици може да ги оштетат садовите во кои се подготвува храната, додека со дрвените лажици можноста за оштетување е многу помала. Ова се однесува и на осетливите состојки во храната.

Дрвените лажици исто така се поудобни за држење бидејќи нивните дршки не се остри туку заоблени.

Постои верување дека медот треба да се јаде со дрвени и пластични, никако со метални лажици. Ова е оправдано само кај матичниот млеч, кој содржи аминокиселини кои во контакт со метал се разградуваат.Мед, чудесан лек, Блиц жена, 2. 9. 2012.Мед и пчелињи производи , stetoskop.info

Недостаток на дрвените лажици во однос на металните е што потешко се чистата, односно може да впијат некои супстанци кои со миење тешко се отклонуваат.

Симболизам Љубовна лажица 150px|мини|десно|Љубовни лажици Рачно изрезбани дрвени лажици се користеле во Велс како љубовни подароци кои се нарекувале љубовни лажици.Необични начини изјављивања љубави (у протеклим стољећима), Pixelizam, 12. 10. 2012. На нив биле изрезбани разни симболи од кои секој имал различно значење.

Во спортот Во некои спортови дрвената лажица му се доделува на тимот кој е последно пласиран на натпреварот. Така на пример, на рагби турнирот Шест нации дрвена лажица ѝ се доделува на последнопласираната репрезентација.Дрвена кашика као спортски трофеј , Analitika, 9. 2. 2010.

Поврзано Лажица Барска лажица Црпалка

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Кујнски прибор Категорија:Лажици