Марк Гасол Саез (роден на 29 јануари 1985) — шпански професионален кошаркар кој настапува за Баскет Жирона во втората шпанска кошаркаска лига позната како Liga Española de Baloncesto или LEB Oro.Гасол е воедно и сопственик на клубот,тој го основал во 2014 година. Марк Гасол бил драфтуван како 48-ми пик на драфтот од страна на Лос Анџелес Лејкерс во 2007 година. во 2008 година бил тргуван во Мемфис Гризлис, каде што потпишал со тимот и останал со франшизата сè додека не бил трејдуван во Торонто во 2019 година. Тој е двократен член на Ол-Стар НБА тимот, трикратен НБА ол-стар и шампион во НБА. Во 2013 година, тој бил прогласен за одбранбен играч во НБА на годината.
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Играчи на КК Барселона Категорија:Играчи на Мемфис Гризлис Категорија:Играчи на Торонто Репторс