Плимут () — напуштен град на островот Монтсерат, британска прекуморска територија во Малите Антили на Карибите.
Гратчето е изградено врз наслаги од лава близу неактивниот вулкан Суфриер. Населението е евакуирано во 1995 г. кога вулканот почнал да избива по многу долго време мирување, иако со векови бил единствено пристаниште за приод кон островот. Плимут е трајно напуштен во 1997 г. откако е затрупан со вулканска пепел и изгорел со низа пирокластични текови и лахари . Денес сè уште формално важи за главен град на Монтсерат, со што е едиствениот напуштен град со ваков статус во светот. Управните установи се сместени во селото Брејдс во северниот дел на островот.
Историја
По избивањето на вулканот, управата го иселила сето население на Плимут со помош од британската морнарица. Пристапот за јавноста е забранет во сета јужна половина на островот поради постојаната активност на вулканот. Управата е привремено преместена во Брејдс, иако во изградба се нов главен град и пристаниште во Литл Беј на севрозапад.
Разорувањето на Плимут предизвикало огромна економска криза на островот. Градот бил многу поголем од другите населби на Монтсерат и во него се наоѓале речиси сите продавници и услужни места. Иако некои од нив се обновени по други места на островот, ова не го спречила масовното иселување на островјаните. Поради тешкиот живот, две третини од населението на островот морало да се пресели во Британија, сведувајќи се на 1.200 жители веќе во 1997 г. Сепак, бројот на жители постепено почнал да се накачува, и во 2016 г. Монтсерат надминал 5.000 жители.
Сообраќај Аеродромот „В.Х. Брамбл“ кај Плимут е затворен во 1997 г. и потоа затрупан од вулканската пепел. Неговата улога ја презел новиот аеродром „Џон А. Озборн“ кај Брејдс.
Образование Во периодот пред катастрофата, Плимут имал едно основно училиште,Thomas, Emel (editor). Education in the Commonwealth Caribbean and Netherlands Antilles. Bloomsbury Publishing, 8 мај 2014. , 9781623563837. стр. 279. и едно средно училиште со нижи паралелки."Report of the Technical-Vocational Education and Training Reconnaissance Mission." UNESCO. Annex 1 p. 2 (PDF p. 12/14). .
Поврзано Суфриер Литл Беј Географија на Монтсерат
Наводи
Надворешни врски
Плимут во Енциклопедија Британика Прелет над Плимут во 2012 г. — YouTube
Категорија:Главни градови во Карибите Категорија:Главни градови во Северна Америка Категорија:Уништени градови Категорија:Напуштени градови †Плимут Категорија:Престаноци во 1997 година