мини|Светигеоргиевиот Проток во Ирското Море. Светигеоргиев Проток или Светигеоргиев Канал (, , ) — проток меѓу Британските Острови кој го поврзува Ирското на север со Келтското на југозапад.C.Michael Hogan. 2011. Irish Sea. eds P.Saundry & C.Cleveland. encyclopedia of Earth. National Council for Science and the Environment. Washington DC
Во минатото, поимот „Светигеоргиев Проток“ се користел како истоветен на поимите „Ирско Море“ и „Ирски Проток“, опфаќајќи ги сите водни површини помеѓу Ирска на запад и Велика Британија на исток. Некои географи подоцна почнале така да го нарекуваат делот кој ги дели Велс и Ленстер во Ирска, понекогаш подразбирајќи ги и водите на југ помеѓу Западниот Крај во Англија и источен Манстер во Ирска; ова подрачје денес е познато како Келтско Море. Во Република Ирска, под Светигеоргиевиот Проток обично се подразбира само најтесниот дел, помеѓу ’ртот Карнсор во Вексфорд и ’ртот Св. Давид во Пембрукшир, иако пошироката смисла е задржана во секојдневна употреба.
Според тековната дефиниција на Меѓународната хидрографска организација, јужната граница на „Ирското Море и Светигеоргиевиот Проток“ како „Линија која го поврзува ’ртот Св. Давид () со ’ртот Карнсор ()“ и не ги разграничува тие две водни површини. Нацрт-верзијата на IV издание од 2002 г. го изоставува протокот.
Името „Светигеоргиев Проток“ е посведочено во 1578 г. во дневникот на морепловецот Мартин Форбишер. Се смета дека доаѓа од легендата за патувањето на Свети Георги, кој дошол во Британија од Византија приоѓајќи преку протокот кој денес е наречен по него. Името добило на популарност со англиската колонизација на Ирска во XVI и XVIII век.
Поврзано Северен Проток Ирско Море
Наводи
Категорија:Протоци на Британските Острови Категорија:Меѓународни протоци Категорија:Ирско Море Категорија:Географија на Ирска Категорија:Географија на Велс Категорија:Британско-ирска граница