Свети Никола — црква во селото Долно Оризари, Битолско. Сместена во јужниот дел од селото.
Историја Од натписните плочи до влезот на црквата се забележува дека истата била изградена во 1930 година. Познато е дека била подигната на темели од 1860 година.„Долно Оризари “. Мој Роден Крај.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот се наоѓа на јужната страна, а од неговата десна страна има две натписни плочи со податоци за годината на изградба на црквата и лицата заслужни за нејзината изградба, како и врамена црно-бела икона на Света Петка. Внатрешноста не е зографисана и нема иконостас, а наместо тоа има закачени икони со различна големина пред олтарот.
Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига над помошниот објект.
Галерија
Поврзано Долно Оризари Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Долно Оризари