Света Петка — црква во селото Ношпал. Црквата е сместена во северниот дел од селото, непосредно од левата страна на патот.

Историја Над влезот на еден од помошните објекти е запишан датумот 25 август 1977 година.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен на западната страна, а храмот има и спореден влез на јужната страна. Црквата во целост е обоена во бела боја, а покриена е со кров од ќерамиди.

Во дворот на црквата има трпезарија и неколку помошни простории.

Галерија

Поврзано Ношпал Црква „Св. Никола“ - Ношпал Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Беранечка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Ношпал Ношпал