Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Подино. Црквата е сместена во западниот дел од селото, на возвишение кои ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.

Историја

Се верува дека црквата била возобновена во 1916 година на темели на стара црква од римско време.

Во дворот на црквата се наоѓа и археолошкото наоѓалиште Св. Богородица. Во дворот може да се забележат неколку мермерни сполии, и тоа: мено од мермер вградено во скалите, пред влезот на црквата има голема мермерна плоча, а една парапетна плоча лежи покрај апсидата.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Црквата е изградена во 1929 година.„Подино “. Мој Роден Крај.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Во продолжение на западната страна е дограден помошен објект чиј влез се наоѓа на јужната страна. Црквата е изградена од варовник и е покриена со кров од ќерамиди.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата се издига во североисточниот агол од дворот на црквата. Таа има квадратна основа, изградена е од камени тули, на секоја од четирите страни има по еден правоаголен прозорец, а покриена е со пирамидален кров од ќерамиди. Влезот во камбанаријата се наоѓа на западната страна.

Галерија

Поврзано Подино Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Ивањевска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Подино Подино