KOI-256 — двојна ѕвезда со местоположба во соѕвездието Лебед приближно на растојание од од Земјата. Иако набљудувањата од вселенското летало Кеплер укажувале дека системот содржи џиновска вонсончева планета во орбита околу црвеното џуџе, подоцнежните истражувања утврдиле дека KOI-256 е двоен сситем од црвено џуџе и бело џуџе.
Име
Акронимот „KOI“ значи занимливо Кеплерово тело и означува дека ѕвездата била каталогизирана од страна на вселенското летало Кеплер, за време на неговата потрага за вонсончеви планети во премин пред матичните ѕвезди. Бројот „256“ е редниот број на ѕвездата.
Особености
Првичните набљудувања на мисијата Кеплер укажувале на црвено џуџе со маса од , полупречник од , и температура од 3.639 K. За планетарниот кандидат се проценувало дека има маса од , полупречник од , орбитален период од 1,38 денови, температура од 1160 K, и голема полуоска од 0,021 астрономски единици. Понатамошните истражувања од страна на Мјурхед et al. (2012) ги преразгледале параметрите на планетарниот кандидат и добиле полупречник од , температура од 726 K и голема полуоска од 0,016 ае.
Мјурхед et al. (2013) извршиле дополнителни набљудувања со Хејловиот телескоп при Паломарската опсерваторија. Користејќи метод на радијална брзина за да се забележат вонсончевите планети, екипата на Мјурхед забележала дека црвеното џуџе премногу се ниша за во орбита да има планета, и поверојатно е дека е под влијание на бело џуџе. Користејќи ултравиолетови податоци од вселенското летало GALEX, се забележало дека црвеното џуџе е особено активно, понатамошно потврдувајќи дека растројувањата се создадени од бело џуџе. екипата ги преразгледала податоците од Кеплер, и забележале дека кога белото џуџе ќе поминело пред црвеното џуџе, светлината на црвеното џуџе забележително се искривувала и засјајувала, ефект познат како гравитациска леќа. Иако е малку поголемо од Земјата, белото џуџе има толку голема маса што поголемото црвено џуџе е во орбита околу помалиот придружник.
Со новите набљудувања, се утврдило дека црвеното џуџе има маса од , полупречник од и температура од . Белото џуџе има маса од ,полупречник од и температура од .
Наводи
Категорија:Астрономски објекти откриени во 2009 година Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Затемнувачки двојни ѕвезди 256 J19004443 Категорија:Астрономски тела откриени во 2009 година Категорија:Црвени џуџиња од главната низа Категорија:Бели џуџиња