AFGL 2591 — ѕвездородна област во соѕвездието Лебед. Густиот облак од гас и прашина е причина да не може да се види внатрешноста на облак со оптички телескопи. Сликите во инфрацрвената светлина укажуваат на постоење на младо ѕвездено тело, со придружна оддавна маглина која наликува на конус кој произлегува од младата ѕвезда. Исто така јато од ѕвезди се создава во молекуларниот облак, но поголемиот дел од зрачењето произлегува од ѕвездата, AFGL 2591-VLA3.
Првично се мислело дека AFGL 2591 е единечна ѕвезда, масивна ѕвезда која исфрла облаци гас и прашина преку бројни настани. Се проценува дека е 10 пати помасивна од Сонцето и е на растојание од само 1.000 pc или 3.300 светлосни години.
Наводи
Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Молекуларни облаци Категорија:Отсјајни маглини Категорија:Ѕвездородни области