мини|Поглед кон административен објект во Бершки Гладбах Рајнско-бершки Округ () — округ во регионот Келн/Бон на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Се граничи со окрузите Горнобершки и Рајна-Зиг, како и самостојните градови Келн, Леверкузен, Золинген и Ремшајд.
Историја Во средниот век, подрачјето на округот било во состав на Грофовијата Берг, од каде произлегува неговото денешно име.
Во 1816 г. целата Рајнска Област влегла во Прусија, а на оваа територија властите ги создале окрузите Виперфирт, Золинген, Ленеп, Милхајм и Опладен. Три години подоцна, Золинген и Опладен се споени во поголемиот округ Золинген. Во 1929 г. е создаден новиот Рајнско-вуперски округ, а неколку од општините влегле во веќе пораснатите градови Вупертал, Ремшајд и Золинген. Во 1932 г. се споени Милхајм и Виперфирт, образувајќи го Рајнско-бершкиот округ, кон кој во 1975 г. е придодадена и територијата на Рајнско-вуперскиот округ.
Географија Округот го сочинува западниот дел на Бершкиот крај, на местото каде ридовите на Зауерланд се спуштаат во долината на Рајна.
Градови и општини мини|десно|250п|Општини во Рајнско-бершкиот округ. ГрадовиОпштиниБершки Гладбах Буршајд Вермелскирхен<li> Лајхлинген <li> Оверат <li> РесратКиртен Одентал
Поврзано Рајнска Покраина Бершки крај Војводство Берг Келн (административен округ)
Наводи
Надворешни врски
Службен портал Мрежно место на Рајнско-бершкиот округ
Категорија:Окрузи во Северна Рајна-Вестфалија