А-мол — молска скала што започнува од тонот A, со нотите А, Б, Ц, Д, Е, Ф и Г. Нејзиниот клучен предзнак нема снижувалки и повишувалки. Нејзината релативна дурска скала е це-дур, а паралелна скала е а-дур. Секоја молска скала има релативна дурска скала и се добива, кога се движиме три тона нагоре (интервал мала терца) од зададената скала.
Природната молска скала на A е: A, B, C, D, E, F, G, A.
Хармонски вид на а-мол скала се добива кога ќе го повишиме тонот на 7-мо стапало. Во случајов тој тон е сол или g, кој станува gis (G#), кога му се става повишувалка или диез. Тоновите на скалата се: A, B, C, D, E, F, G#, A.
Мелодиски вид на а-мол скала се добива кога ќе го повишиме тоновите на 6-то и на 7-мо стапало. Во случајов тие тонови се: фа или f и сол или g, кој стануваат fis и gis (F#, G#) кога им се става повишувалка или диез. Тоновите на скалата се: A, B, C, D, E, F#, G#, A. Единствена напомена кај овој вид на скала е, кога се движиме надолу скалата се изведува во природен вид.
Позначајни дела во а-мол
Јохан Себастијан Бах Концерт за виолина во а-мол, BWV1041 Лудвиг ван Бетовен Виолинска соната бр. 4, оп. 23 Гудачки квартет бр. 15, оп. 132 Багатела во а-мол „За Елиза“ Јоханес Брамс Двоен концерт, оп. 102 Фредерик Шопен Етида оп. 10, бр. 2 „Хроматична“ Етида оп. 25, бр. 4 Етида оп. 25, бр. 11 „Зимски ветер“ Мазурка оп. 17, бр. 4 Мазурка оп. 59, бр. 1 Болеро, оп. 19 Прелудиум бр. 2 во а-мол, оп. 28/2 Валцер во а-мол, оп. 34, B. 150 Шарл Валентен Алкан Прелудиум оп. 31 бр. 10 „Во стил на фуга“ 12 етиди во сите молови, оп. 39/1 „Како ветрот“ Франц Лист Трансцендентална етида бр. 2 „Ракети“ Едвард Григ Концерт за пијано, оп. 16 Јохан Непомук Хумел Концерт за пијано бр. 2, оп. 85 Густав Малер Симфонија бр. 6 Квартет за пијано Феликс Менделсон Симфонија бр. 3 Волфганг Амадеус Моцарт Соната за пијано бр. 8, K. 310 Соната за пијано бр. 11, K. 331 / 300i Камиј Сен-Санс Вовед и рондо капричозо, оп. 28 Концерт за виолончело бр. 1, оп. 33 Франц Шуберт Соната за пијано бр. 4, D. 537 Соната за пијано бр. 14, D. 784 Соната за пијано бр. 16, D. 845 Соната Арпеџоне, D. 821 Роберт Шуман Гудачки квртет, оп. 41/1 Виолинска соната бр. 1, оп. 105 Концерт за пијано, оп. 54 Концерт за виолончело, оп. 129 Николо Паганини Каприче бр. 24 Јан Сибелиус Симфонија бр. 4 Ралф Вон Вилијамс Концерт за обоа Димитриј Шостакович Виолински концерт бр. 1, оп. 99
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Тоналитети