Национална кошаркарска асоцијација или НБА (се чита: Ен-бе-а; , NBA) — професионална кошаркарска лига, која е составена од 30 клуба (29 од САД и 1 од Канада). Таа е член на САД кошарката (USAB), која е препознатлива по Меѓународната кошаркарска федерација како Национален управен орган (NGB) за кошарка во САД. НБА е една од четирите главни северноамерикански спортски лиги, во која се Главната бејзболска лига (MLB), Националната фудбалска лига (NFL) и Националната хокеарска лига (NHL).
Лигата е основана во Њујорк на 6 јуни 1946, како Кошаркарска асоцијации на Америка (BAA).The First NBA Game: 1946 New York-Toronto Лигата го прифати сегашното име во 1949, откако се спои со соперникот Националнаta кошаркарска лига (NBL). Лигата раководела со помалите поединечни канцеларии преку главната канцеларија сместена во Олипик тауер, на 645 Петта авенија во Њујорк. НБА-забава и НБА ТВ се наоѓаат во Сеакуза, Њу Џерси.
Историја 1940-ти: БАА-години
Кошаркарската асоцијација на Америка била основана во 1946, од страна на сопствениците на најглавните хокејски арени од Северно источен и Средно западен САД. На 1 ноември 1946, Торонто, Онтарио, Канада беше одржан првиот официјален НБА натпревар, каде Торонто Хаските ги пречекаа Њујорк Кникербоксерите. Но, ова не било прв кошаркарски натпревар во професионалната Американска лига, бидејќи Американската кошаркарска лига и НБЛ беа првите лиги кои играа натпревари во големите сали во големите градови. За време на овие рани години квалитетот на БАА не беше значително подобар од останатите лиги или од самостојните клубови како што се Харлем Глобтротерс. На пример, АБЛ финалистите во 1948, Балтимор Булетс се преместија во БАА и ја освоија титулата во 1948. Шампионите од 1948 во НБЛ, Минеаполис Лејкерс ја освоија БАА титулата во 1949.
1950-ти: Раните години
На 3 август 1949, БАА се согласи да се со НБЛ, создавајќи ја Националната кошаркарска асоцијација. Новата лига имаше 17 тима сместени во големите и малите градови, односно во големите арени и малите гимназиски сали. Во 1950 НБА го намали бројот на тимови на 11, а во 1954 ги намали на најмалку до сега, односно 8, од кои сите и денес се натпреваруваат (Никс, Селтикс, Вориорс, Лејкерс, Ројалс/Кингс, Пистонс, Хокс и Национал/76ерс)
Подоцна следеше преместување на тимовите од помалите во поголемите градови, Хокс се преместија од “Три Града“ (арена денес позната како Квад Сити) во Милвоки (во 1951), а подоцна Сент Луис (во 1954); Ројалс од Рочестер во Синсинати (во 1957), а Пистонс од Форт Вејн во Детроит (во 1957). Во 1960 Лејкерси се преместија во Лос Анџелес, а Вориорс во Сан Франциско, во 1963. Во наредната година Националните го напуштија Њујорк и повторно ја вратија кошарката во Филаделфија, а и воедно го променија прекарот од Национални во 76ерс. Единствено во ова време само Селтикси и Никси не се преселија некаде.
Иако јапонскиот Американец Ватару Мисака ја прекрши бојната кариера (спрема бојата на кожата) во сезоната 1947/48, 1950 беше пргласена за година на спојувањето. Оваа година била сведок на внесувањето на афроамерикански играчи, како што се Чак Купер со Бостон Селтикс, Нат „Свитвотер“ Клифтон со Никс и Ерл Лојд со Вашингтон Капитолс.
За време на овој период, Минеаполис Лејкерс, предводени од центарот Џорџ Микан освои 5 НБА Финалиња и се докажаа како прва династија во лигата. За да се охрабри шутирањето и да се стопира држењето на топката без напад, лигата го претстави 24-секундниот часовник за шут во 1954. Ако тимот не постигне кош или топката не погоди дел од кошот во 24 секунди, топката му се доделува на противничкиот тим.
Во 1957, руки центарот Бил Расел им се приклучи на Бостон Селтикс, кои веќе ги купија Боб Кази и тренерот Ред Оурбах, кои го предводеа Бостон до 11 титули од 13 сезони. Центарот Вилт Чемблент влезе во лигата со Вариорс во 1959 и стана доминантен поединец во 1960-тите, поставувајќи го рекордот од 100 бода и 55 скока. Соперништвото помеѓу Расел и Чембрлент е сѐ уште едно од најголемите поединечни соперништва во историјата на Американските тимски спортови.
1960-ти: Династијата на Селтикси thumb|Бил Расел од Бостон Селтикс го чува Вилт Чембрлен од Филаделфија 76ерс во 1966.
Во 1960-тите во НБА доминираа Бостон Селтикс. Предводени од Бил Расел, Боб Кузи и тренерот Ред Орбах, Селтикс ја освоија секоја титула од сезоната 1958–1959 до 1965–1966. Оваа низа од 8 титули по ред е најдолга во НБА историјата. Тие не повторија во 1966–1967, но ја освоија титулата во сезоната 1967–1968, исто така и во 1968–1969. Во овој период на доминација Селтикси освоија 9 од вкупно 10 сезони во 1960-тите.http://www.nba.com/celtics/history/ChampionshipWins.html
Во овој период, НБА се одликува со преместувањето на Минеаполис Лејкерс во Лос Анџелес, Голден Стејт Вориорс во Сан Франциско и Сиракуза Национал во Филаделфија , а и со неколку проширувања. Чикаго Пакерс (сега како Вашингтон Визардс) беа 9тиот тим во НБА во 1961. Од 1966 до 1968 лигата се прошири од 9 на 14 тима, примајќи ги Чикаго Булс, Сиетл СуперСоникс (сега како Оклахома Сити Тандер), Сан Диего Рокетс (кои се преместија во Хјустон по 4 години), Милвоки Бакс и Феникс Санс.
Во 1967, лигата се соочи со надворешни закани од страна на Американската Кошаркарска Асоцијација. Лигата почна да ја воведува надавачката војна. НБА го прими еден од најдобрите ѕвезди од колеџите во таа ера, Карим Абдул-Џабар (познат како и Лев Алкиндор). Но во секој случај, Најдобриот бодтер Рик Бери, се премести во АБА, исто како и четири судии ветерани - Норм Друкер, Ерл Сторм, Џон Ванак и Џо Гуше.
1970-ти: НБА против АБА
Американската кошаркарска асоцијација исто така била успешна во потпишувањето со голем број на ѕвезди, вклучувајќи го Џулиус Ервинг од Вирџиниа Скваирс, бидејќи АБА дозволи тимовите да ги купуваат студентите на колеџите. НБА екстремно брзо се прошири во овој период. Од 1966 до 1974, НБА се прошири од 9 на 18 тима. Во 1970, Портланд Треилблејзерс, Кливленд Кавалирс и Бафало Брајвс (сега Лос Анџелес Клиперс) го направиа своето деби, со што лигата се прошири на 17. Во 1974 Њу Орлеанс Џез (сега во Јута) се приклучи кон НБА и се стигна до бројката од 18 тима. После сезоната 1976, лигата го достигна својот рекорд од 22 тима со приклучувањето на 4 тима од АБА кон НБА. Тие четири тима беа: Сан Антонио Спарс, Денвер Нагетс, Индијана Пејсерс и Њујорк Нетс, сега Њу Џерси Нетс. Најголеми ѕвезди од таа ера беа: Карим Абдул-Џабар, Рик Бери, Дејв Ковенс, Џулиус Ервинг, Волт Фрејзер, Алтис Гилмор, Џорџ Гервин , Дан Исел, Пит Маравич.
1980-ти: Меџик против Брд Лигата во 1979 го додаде и шутот за три бода (ова беше првична идеја на АБА). Истата година рукито Лери Брд и Ервин “Меџик“ Џонсон се приклучија на Бостон Селтикс и на Лос Анџелес Лејкерс соодветно, поттикнувајќи го овој период да ја заинтересира публиката во државата и целиот свет. Брд им донесе 3 титули на Селтикси, а Меџик 5 на Лејкерси. Исто така во раните 80-ти во НБА се вклучи и тимот на Далас Маверикс, со што се стигна до бројката од 23 тима. Подоцна Лери Брд ги освои првите два натпреварувања во тројки.
1990-ти: Епохата на Џордан thumb|left|Џордан оди на забивање
Мајкл Џордан, влезе во лигата во 1984, преку Чикаго Булс и го привлече интересот на публиката. Во 1988 и 1989, четири тима изразија желба да се приклучат кон НБА, а тие беа: Шарлот Хорнетс(сега како Њу Орлеанс Хорнетс), Мајами Хит, Орландо Меџик и Минесота Тимберволфс.
Џордан и Скоти Пипен ќе го предводат Чикаго Булс до 6 од 8 шампионски тиули за време на 1990-тите, додека Хаким Олајџувон успеа еднаш да ја одбрани веќе освоената титула во ’94, освојувајќи ја титулата во ’94, за време на првото повлекување на Џордан од НБА.
Дрим Тимот на Олимписките игри во 1992 ја освои оваа титула предводен од Џордан, а во негова сенка беа: Лери Брд, Меџик Џонсон, Дејвид Робертсон, Патрик Ивинг, Скоти Пипен, Клајд Дрекслер, Карл Мелоун, Џон Стоктон, Крис Мулин, Чарлс Баркли и Кристиан Лаетер.
Во 1995, НБА се прошири и во Канада со двата тима, Ванкувер Гризлис и Торонто Рапторс. Во 2001, Ванкувер се премести во Мемфис, oставајќи ги Репторс единствениот тим од Канада.
Во 1996, НБА создава и своја женска лига (WNBA).
Во 1998, НБА беше “заклучена“ за 191 ден до 18 јануари 1999. Поради ова сезоната 1998-99 имаше 50, наместо 82 натпревари. Поради тоа што сите натпревари се играа во иста година, оваа сезона беше позната како 1999 НБА сезона. Сан Антонио го освои НБА-плејофот со победата над Њујорк Никс на 25 јуни.
2000-ти: Владеењето на Лејкерси/ Спарси
Со прекинувањето на серијата на Чикаго Булс во летото 1998, Западната конференција започна да доминира со ЛА Лејкерс и Сан Антонио Спарс, кои заедно освоиа 8 од 11 титули. Тим Данкан и Дејвид Робертсон ја освоија тутулата во 1999 со Сан Антонио Спарс, а Коби Брајант и Шекил О’Нил освои три титули со ред од 2000 до 2002. Во 2003 Сан Антонио ја вратија повторно титулата со победата над Нетс.
Во 2004, Детроит Пистонс успеа да ја прекине оваа серија со победата над Лејкерси од 4-1. Наредната сезона Шекил О’Нил беше трансфериран во Мајами Хит. Шарлот Бобкерс стана 30-тиот тим во НБА; Во 2005 Спарс ја освоија својата 3та титула.
Во 2006 два тима за првпат се појавија во финалето. Мајами предводен од Двејн Вејд и Шекил О’Нил ја освоија титулата со победата над Далас Маверикс од 4-2, иако губеа со 0-2.
Доминацијата на Западната Конференција продолжи со победата од 4-0 на Сан Антонио во 2007 против Кливленд Кавалиерс, предводени од ЛеБрон Џејмс. Финалето во 2008 беше оживување на старото соперништво помеѓу Бостон Селтикс и Лос Анџелес Лејкерс, каде Бостон беше поуспешен, благодарејќи на неговата големата тројка Пол Пирс, Реј Ален и Кевин Гарнет. Но како и да е, во 2009, Лејкерси со Коби Брајант и Пау Гасол се вратија во финалето, овој пат победувајќи ги Орландо Меџик, предводени од Двајт Хауард за да ја освојат нивната 15та титула. Коби Брајант го освои својот прв НБА Финале МВП, после 13 сезони, откако ги предводеше Лејкерси до првата НБА титула после заминувањето на Шекил О’Нил.
2010-ти
Меѓународно влијание
Следејќи ги пионерите како што се Дражен Петрович (Хрватска), кои се приклучија на НБА во доцните 1980-ти, голем број странски играчи играат во НБА. Подолу е списокот на неколку странски играчи во НБА:
Тони Кукоч, Хрватска - 3 пати НБА-шампион со Чикаго Булс (1996, 1997, 1998), назначен во 2008 за еден од 50те најголеми учесници во Еуро-лигата. Владе Дивац, Србија - 2 пати носител на сребрениот медал на Олимпијада, 2001 НБА Ол-Стар, 2 пати Светски Шампион, 3 пати Европски Шампион, назначен за еден од 50те најголеми учесници во Еуро-лигата. Арвинас Сабонис, Литванија – 1984, 1985, 1988, 1995, 1999 Европски Играч на годината, 1985, 1997 Г-дин Европски Играч на годината, носител на златен медал на Олимпијатата 1988 со СССР и бронзен медал на 1992 и 1996 со Литванија, 1996 НБА Ол-Руки Прв Тим, назначен за еден од 50те најголеми учесници во Еуро-лигата. Дирк Новицки, Германија, МВП на 2002 Светско Првенство, ЕуроБаскет 2005, 2002-2006 Еуроскар, 2005 Мр. Европа и ФИБА Играч на Годината и 2007 НБА МВП (игра од 1998) Хидо Туркоглу, Турција, Најнапреднат играч во 2008 (игра од 2000) Пау Гасол, Шпанија, 1 НБА шампион со Лејкерс (2009), Двапати во Ал-Стар тимот, Руки на годината 2002, Мр. Европа 2004 и 2009, МВП на Светското првенство 2006, Еуроскар 2008 и 2009 и ФИБА Европски Играч на годината, Еуробаскет 2009 МВП (игра од 2001) Андреј Кириленко, Русија, ЕвроБаскет 2007 МВП, 2007 ФИБА Играч на Годината (драфтуван 1999, игра од 2001) Тони Паркер, Франција, МВП на Финалето 2007, 2007 Еуроскар (игра од 2001) Ману Џинобили, Аргентина, МВП на Олимписки игри 2004, освојуач на наградата Шести играч 2008, назначен за еден од 50-те најголеми учесници во ЕуроЛигата. (драфтуван 1999, игра од 2002) Јао Минг, Кина, Прв пик на драфото 2002 и 7 пати Ал-Стар (игра од 2002) Леонардо Барбоса, Бразил, освојуач на наградата Шести играч 2007 (игра од 2003) Андреа Баргнани, Италија, Прв пик на 2006 Драфтот од Торонто (игра од 2006)