Македонија ги има ратификувано речиси сите главни договори за човекови права на меѓународно и на европско ниво.
Уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања ги штити народниот правобранител.
Македонија е потписник на Европската конвенција за човекови права.
Од друга страна и Уставот ги гарантира следниве права: еднаквост на граѓаните право на живот неприкосновеност на физичкиот и моралниот интегритет право на слобода презумпција на невиност нема казна без закон и право да не се биде осуден или казнет двапати право на жалба слобода на уверување, говор и пристап до информации тајност на писмата и на сите други облици на општење сигурност и тајност на личните податоци слобода на вероисповед слобода на здружување право на собирање избирачко право право на вршење јавни функции право на поднесување претставки почитување и заштита на приватноста, личниот и семејниот живот, достоинството и угледот право на неповредливост на домот слобода на движење право и должност за одбрана на РМ права на странските државјани во РМ право на сопственост и право на наследување право на работа и слободен избор на вработување обврска за плаќање на даноци и други јавни давачки право на социјална заштита право на синдикално здружување право на штрајк право на здравствена заштита заштита на семејството слобода за создавање потомство заштита на мајките и децата право на живот во здрава животна средина право на образование право на слободно научно и уметничко творештво право на слободно изразување на национална припадност
Категорија:Човекови права по земја Категорија:Политика на Македонија