Владимир Бециќ (), (роден во , на - починат во , на ) — хрватски сликар, познат по неговате дела работени во духот на Минхенската сликарска школа, извршил значајно влијание врз развојот на модерната уметност во поранешна Југославија и Хрватска.

Бециќ студирал сликарство во Минхен на престижната Академија на уметностите, заедно со Оскар Херман, Мирослав Краљевиќ и Јосип Рачиќ. Оваа група хрватски уметници се познати како хрватски уметници од 20 век или - Минхенски круг, нивното уметничко дејствување е суштинско во развојот на хрватската уметност на 20 век. По Минхен, Бециќ студирал и работел во Париз, а потоа, во 1910 година, се вратил во Загреб.

За време на Првата светска војна, Владимир Бециќ работел како воен дописник и илустратор од Македонскиот фронт, создавајќи серија слики со мотиви од воените дејствија. Живеел во Битола, каде што имал свое сликарско ателје и покрај воените сликарски и цртачки дописи, изработил серија на уметнички дела, особено на пејзажи со мотивска определба од околината на Битола.

Бециќ бил професор на Академијата за ликовни уметности во Загреб и член на Хрватската академија на науките и уметностите.

Животопис 250px|мини|Слика Владимир Бециќ — Крал Петар I Караѓорѓевиќ во кола која ја влечат четири вола, создадена на 6 ноември 1915 во Јанкова клисура Владимир Бециќ е роден во Славонски Брод на 1 јуни 1886 година.

Најпрво студирал право во Загреб, а воедно ги посетувал приватните уметнички школи на Менци Климент Црнчиќ и Бела Чикош Сесија. Во 1905 година, заминал во Минхен, каде што прво студирал кај Хајнрих Книр, а потоа на Академија на уметностите во Минхен. Во 1909 година, отишол во Париз, каде што се запишал во Академијата Гранд шомјер, а работел и како илустратор во списанието „Смеа“.

Бециќ потоа работел во Осиек, Белград и Битола. Тој ѝ се приклучил на српската армија непосредно пред избувнувањето на Првата светска војна.Nina Ožegović: Nepoznati crteži Vladimira Becića: Ratna tajna slikarskog klasika, Nacional, br. 655, 2008-06-02;

Во Битола, работел како гимназиски професор. Во градот и неговата околина Бециќ препознал инспиративни амбиенти и интензивно ги сликал во текот на целиот свој престој. Особено внимание посветувал кон природата и пејзажот како мотив, но негова главна тематска преокупација, како впрочем и на сликарите од минхенската школа бил човекот - човековата фигура насликана како акт или портрет, а доминантно изразно средство (под влијание на Пол Сезан му била бојата и интензивниот колорит.

Неговите слики се одликувале со широчината на потезот и динамика на тонските односи. Ова особено било изразено во периодот којшто историчарите на уметноста го именуваат како битолска фаза во ликовното творештво на Владимир Бециќ.

Од 1919 до 1923 година, Владимир Бециќ живеел и работел во селото Блажуј во близина на Сараево, создавајќи серија масла и акварели на пејзажи, пастирски претстави и селски амбиенти со заоблени волуминозни форми поставени во преден план на просторот и композицијата. Потоа се вратил во Загреб, каде што предавал на Академијата за ликовни уметностиBlažujem kod Sarajevo.

Во 1930 година, Владимир Бециќ, заедно со Љубо Бабиќ и Јеролим Мише ја формирале уметничката група Група три .

Бециќ во 1934 година станал член на Хрватската академија на науките и уметностите , во тоа време наречена Југословенска академија на науките и уметностите.

Починал во Загреб на 24 мај 1954 година.

Творештво

Творештвото на Владимир Бециќ во првата фаза е поврзано со влијанието на Минхенската школа, во која спаѓаат и делата на Јосип Рациќ и Мирослав Кралевиќ. Тие внеле нови импулси и творечки ситуации во хрватското современо сликарство, напуштајќи го традиционалниот истрошен академски начин на ликовното претставувањеItems by Vladimir Becić.

Тие биле под значајно влијание на сликарството на Вилхелм Лајбл и делата на импресионизмот особено на Едуар Мане.

Подоцнежните дела на Бециќ се поблиску до творечките принципи на Пол Сезан, во кои е нагласена композициската структурна ориентираност кон геометризмот во пејзажите и човечките фигури. Неговиот уметнички израз бил фокусиран на моделирање своевидна ликовна јасност и енергичности, а скиците во масло и акварелите ја изразуваат свежината на непосредната поединечна импресија, чувство и сензибилитет.

Неговото творештво се одликува со богата експресија и широка палета на бои и формирање форми со истакнати волумениPainting.

Според Мирослав Крлежа, Бециќ заслужил високо место во историјата на хрватската модерна уметност.

Владимир Бециќ ја организирал првата самостојна изложба од современа ликовна уметност во Битола. Неговата улога во развојот на современото сликарство на Македонија е исто така од историска важностСто години од првата ликовна изложба во Македонија.

Поважни дела

Гуслар , 1906. Студија на акт , 1906 Женски акт пред огледало , 1906 Даб , 1907 Акт на девојка покрај маса , 1907 Женски акт на девојка со весник , 1907 Акт пред огледало , 1908 Девојк со кукла , 1908 Портрет на Мирослав Краљевиќ , 1908 Автопортрет со полуцилиндер , 1908 Мртва природа , 1909 Лубеници , 1911 Планински пејзаж со поток , 1923 Вера , 1926 Селанка , 1926 Рибар , 1932 Девојката со цвеќиња , 1933 Малите косачки , 1934 Детето со пченка , 1935 Ракови , 1936 Рогатица , 1937 Товарење јаглен , 1938 Сомборски пејзаж , 1941

Изложби

Самостојни изложби 1910, ЗагребARTIST Vladimir Becić. 1914, БитолаU Makedoniju sam otišao. 1919, Загреб 1984, Уметнички павилјон, Загреб 2005, Уметничка галерија, Ровињ

Групни изложби 1973, Минхенски уметнички круг, Уметнички павилјон, Загреб 2007, Од фундусот на галеријата, Музеј на модерната уметност, Дубровник

Наводи

Литература Каталог, Музеј на модерната уметност, Дубровник. Каталог, Уметничка галерија Осијек Музеј на модерната и современата уметност, Риека Уметничка галерија, Сплит Музеј на современата уметност, Загреб

Надворешни врски

VLADIMIR BECIĆ Retrospektiva Vladimira Becića Biografija mu je fascinantna SVA REMEK-DJELA VLADIMIRA BECIĆA Becić, Vladimir, hrvatski slikar Ljubica i Vladimir Becić Prvi ratni reporter s Balkana

Категорија:Хрватски уметници Категорија:Импресионистички сликари Категорија:Членови на Хрватската академија на науките и уметностите Категорија:Погребани на гробиштата „Мирогој“