Велушки манастир — манастир во близина на битолското село Велушина. Комплексот е сместен во самото истоимено село, на падините на Баба Планина.
Местоположба
мини|300п|лево|Воздушен поглед на селото Велушина и асфалтниот пат кој води до манастирот
Манастирот се наоѓа над селото, на десната страна од Велушка Река. Од селото е оддалечен неполни 2 километри во западна насока, сместен на едно возвишување од каде се гледа целиот јужен дел од Пелагониската Котлина.
До манастирот води тесен асфалтен пат, кој започнува од сретселото на Барешани. Во комплексот се влегува низ големата манастирска порта, вклопена во приземниот дел на конакот, изграден јужно од црквата.
Историја
Манастирот бил подигнат во век, поточно во 1839 година.
Манастирот бил разрушен за време на Првата светска војна, а по завршувањето на војната бил обновен.
Манастирот бил тешко погоден во земјотресите во јануари 2022 година, при што се забележани изронети фрески во манастирската црква, распукани тавани, ѕидови и подови, а се срушиле и делови од конаците. Исто така, се распукала и камбанаријата и повеќе не била во функција.
Градби во манастирот
Манастирот е составен од трикорабната црква „Св. Ѓорѓи“, малата црква „Покров на Пресвета Богородица“, камбанарија, помошни објекти и конаци.
Манастирската камбанарија се наоѓа во близина на влезната порта на манастирот, односно во неговиот југоисточен дел. Во западниот дел се наоѓаат обновените манастирски конаци, кујната, трпезаријата, како и собите наменети за престој на верниците.
Црква „Св. Ѓорѓи“
Црквата била подигната во 1839 година и претставува главна манастирска црква посветена на Свети Ѓорѓи.
Црква „Покров на Пресвета Богородица“
Во рамки на конаците на манастирот се наоѓа мала црквичка посветена на Покров на Пресвета Богородица.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Велушина Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Битолското архијерејско намесништво Категорија:Споменици на културата во Македонија