Хетепхернебти била кралица од Третата династија на Старото Кралство на древниот Египет. Таа била единствената позната жена на фараонот Џосер.Aidan Dodson & Dyan Hilton, The Complete Royal Families of Ancient Egypt, Thames & Hudson (2004) ISBN 0-500-05128-3, p.48

Хетепхернебти и кралската ќерка Инеткаес биле именувани на стела пронајдена околу пирамидалниот комплекс на Џосер во Сакара и на релјеф во Хелиополис, на кој е прикажан Џосер во придружба на двете.Dodson & Hilton, pp.46-48

Меѓу нејзините титули се „онаа која го гледа Хор“ (m33.t-ḥrw-) и „големата на скиптарот“ (wr.t-ht = s), и двете титули вообичаени за важни кралици во тој период. Исто така, таа била наречена „кралска ќерка“, што значи дека таа е можеби ќерка на претходникот на Џосер, Хасехемви и Нимаетхап, што ја прави сестра или полусестра на нејзиниот сопруг.Dodson & Hilton, p.48

Наводи

Категорија:Луѓе од Третата египетска династија Категорија:Кралици на Стар Египет