Лацен () — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа јужно од покраинскиот главен град Хановер.
Географија Местоположба
Лацен се наоѓа на Лајне. Реката ја образува западната граница на градот.
Соседни општини
Градот се граничи, почнувајќи од југозапад, со Патензен, Хеминген, Хановер и Зенде (Регион Хановер), како и со Алгермисен и Зарштет (Округ Хилдесхајм).
Градски единици
Лацен се состои од местата Алт-Лацен, Грасдорф, Лацен-Мите, Ретен, Глајдинген и Ингелн-Еселзе.
Во 1964 година, општините Лацен (денес, околу 22.000 жители) и Грасдорф (3.500 жители) се споиле во градот Лацен. Во 1974 година, градовите Ретен/Лајне (8.100 жители), Глајдинген (4.300 жители) и Ингелн-Еселзе (3.700 жители) биле додадени во градот.
Меѓународни односи
Збратимени градови
Лацен е збратимен со следниве градови:
Ле Гран Кевији, Франција (од 1966 г.) Вајдхофен на Ибс, Австрија (од 1986 г.) Губин, Полска (од 1991 г.) Губен, Германија (од 1990 г.)
Галерија
Поврзано Хановер-Брауншвајг-Гетинген-Волфсбург
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Хановер (регион)