Невада (англиски: Nevada) е сојузна држава на САД. Невада се наоѓа во западниот, планинскиот и југозападниот дел на САД. Таа е 7 сојузна држава по територија, 35 најнаселена сојузна држава и 9 најслабо населена држава по густина на население во САД. Околу две третини од населението на Невада живее само во еден округ, Кларк, каде се наоѓа Метрополитенската област Лас Вегас-Парадајс. Главен град на Невада е Карсон Сити.

Поголемиот дел од Невада е пустина или полусува почва. Пустинскиот дел се наоѓа во Големиот Басен. Јужните предели на Големиот Басен се наоѓаат во рамките на пустината Мохаве, додека пак езерото Тахое и Сиера Невада се наоѓаат во западниот дел. Околу 86% од територијата на државата е во сопственост на федералната влада на САД, но и други граѓански и воени институции.

Официјалниот прекар на Невада е „Сребрена држава“ (Silver State), како последица на важноста на среброто во историјата и економијата на државата. Покрај тој прекар, Невада е позната и како „Држава родена во битка“ (Battle Born State), бидејќи Невада како држава била формирана за време на Американската граѓанска војна. Третиор популарен прекар за Невада е „Држава на пелинот“ (Sagebrush State), бидејќи тоа растение (Artemisia tridentata) е ендемско за западниот дел на САД и Невада.

Потекло на поимот

Името Невада (Nevada) потекнува од името на планината Сиера Невада (Sierra Nevada), што на шпански значи „планини прекриени со снег“.

Административна поделба

Невада е поделена на 17 окрузи. Карсон Сити е официјално назначен како општина, но често се смета за округ. Окрузите се од 1919 година, со една мала измена. Имено, во 1969 округот Ормсби престанал да постои и во истите граници била основана општината Карсон Сити.

+ Окрузи во Невадаокругседиштеоснованнаселение од 2010% од вкупното населениеповршина (mi²)% од вкупната површинагустина на население (/mi²)Карсон СитиКарсон Сити186155,2742.63 %1460.13 %359.29ЧрчилФалон186124,8771.20 %5,0234.54 %4.77КларкЛас Вегас19081,951,26968.85 %8,0917.32 %170.04ДагласМинден186146,9972.06 %7380.67 %55.91ЕлкоЕлко186948,8182.27 %17,20315.56 %2.63ЕсмералдаГолдфилд18617830.05 %3,5893.25 %0.27ЈурикаЈурика18691,9870.08 %4,1803.78 %0.39ХамболтВинамака1856/186116,5280.81 %9,6588.74 %1.67ЛендерБетл Маунтан18615,7750.29 %5,5194.99 %1.05ЛинколнПиоче18665,3450.21 %10,6379.62 %0.39ЛајонЈерингтон186151,9801.73 %2,0161.82 %17.11МинералНоторн19114,7720.25 %3,8133.45 %1.33НајТонопа186443,9461.63 %18,15916.43 %1.79ПершингЛавлок19196,7530.33 %6,0685.49 %1.10СториВирџинија Сити18614,0100.17 %2640.24 %12.88ВашоРино1861421,40716.99 %6,5515.93 %51.82Вајт ПајнЕли186910,0300.46 %8,8978.05 %1.03вкупноокрузи: 17 2,700,551 110,552 18.08

Наводи

Поврзано

САД Сојузни држави во САД Карсон Сити Лас Вегас

Надворешни врски

Официјално мрежно место База на податоци на Невада Официјален туристички портал Државни симболи на Невада Секретар на Невада Државна библиотека и архива на Невада Енергетски профил на Невада географски и останати научни информации за Невада Пописно биро на САД Карта на окрузите во Невада Државни факти за Невада Водич за Невада Заборавена Невада – градови-духови и рударски кампови во Невада Историски знаменитости на Невада