Кристијан Дисингер (германски: Christian Dissinger, 15 ноември 1991) е германски ракометар кој игра на позицијата лев бек за Казма СЦ од Кувајт. Со германската репрезентација го освоил Европското првенство во 2016 година и бронзениот медал на Олимписките игри во Рио де Жанеиро истата година. Со Вардар ја освоил Лигата на шампионите на ЕХФ во 2019 година.

Клупска кариера Дисингер ја започнал својата кариера во германскиот клуб ТСГ Фризенхајм и играл таму до јуни 2011 година. По ТСГ Фризенхајм бил префрлен во швајцарски клуб Кадетен Шафхаузен. Во март 2013 година го одржал своето деби за германската ракометна репрезентација. Во летото 2013 година тој се преселил во шпанскиот клуб Атлетико Мадрид БМ. По долго опоравување од лигаметна повреда (мај 2013) тој се вратил во својот нов клуб ТУС Нетелштед-Либеке во април 2014 година. Во летото 2015 година потпишал договор за Кил. Тој го продолжил договорот во јануари 2016 година до јуни 2020 година. Во октомври 2018 година договорот на Дисингер бил прекинат по заемна согласност и подоцна потпишал договор со РК Вардар. Во 2026 година Дисингер преминал во Казма СЦ од Кувајт.

Достигнувања

Летни олимписки игри : : 2016 година Европско првенство : : 2016 година

Наводи

Надворешни врски Профил на МОК

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Германски спортисти Категорија:Ракометари на РК Вардар Категорија:Луѓе од Лудвигсхафен